Vila Philoxenia

 

7 или 9 ноќевања

 

15% ПОПУСТна цените во табелата (минимум уплата од 50%) остатокот до 31.01.2026

Цените важат за резервации направени во периодот 17.01.2026

 

 

 

 

 

Вила Филоксениа се наоѓа во крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел. На 50 метри од плажа, со прекрасен двор, природни сенки од маслинови дрвја и лулашки за деца.  Вилата има сопствен паркинг и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со трокреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ и Wi-Fi, клима (со доплата 7евра на ден ), пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот (зависно 7 или 9 ноќи), чистење секојдневно.

Координати од вилата: 39.169823,20.554147

Vrahos   Vila Filoxenia

Цените се дадени за наем на студио/апп, без превоз

НАПОМЕНА:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 или 9 ноќевања.
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Опис на студијата/апартманите:

  • Студио бр.4 и бр.5 трокреветно студио со 3 единечни кревети на високо приземје
  • Апартмнан бр.3, бр.4 и бр.5 четворокреветни апартман на 1 кат, со две простории, спална со брачен кревет и излез на балкон, кујна со 2 единечни кревети.
  • Апартман бр.1 и бр.2 четворокреветни апартман на 2 кат, со две простории, спална со брачен кревет и излез на балкон, кујна со 2 единечни кревети.

 

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 70€ / Еден правец 50€

Деца до 12 години 50€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

Место и време на поаѓање:

  • Скопје 00.30 ч. Холидеј Ин
  • Велес 01.00 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
  • Неготино 01.30 ч. бензинска пумпа Макпетрол
  • Смоквица 01.45 ч. бензинска пумпа BWO петрол
  • Гевгелија 02.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

Место и време на поаѓање:

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...