Vila Olive Tree
Вила Olive Tree - се наоѓа во рамниот дел на Парга, во мирен и зелен дел од одморалиштето. Оддалечен е околу 1000 м од плажата Писо Крионери а до центарот на градот води пријатен, рамен пат, што го прави овој имот идеален избор за семејства со деца и гости кои сакаат опуштен одмор без искачување на скали, што е карактеристика за Парга.Гостите имаат на располагање базен со лежалки и чадори, бар покрај базенот, уреден двор со градина. Нуди пространи студија со два и три кревети сместени на високото приземје – посебни куќи (бунгалови) и на првиот кат. Секоја сместувачка единица има опремена кујна (фрижидер, шпорет, основни садови и прибор за јадење), бања, телевизор, тераса и клима уред (дополнителен надомест од 7 евра на ден, се плаќа на лице место). Максималниот капацитет на секоја сместувачка единица е три лица без оглед на возраста; Едно дете до 5 години може да престојува во заеднички кревет; За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
Координати од вилата: 39.286316,20.413483

НАПОМЕНА:
- • Климата се доплаќа на ден по студио/апартман
- Туристичката такса за 2026 године е 2 евра по студио / апартман на ден.
- Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.
- За овој аранжман важат oпштите услови за патување
ПРОГРАМА
