Vila Vangelis House

 

-15% попуст за резервации направени до  31.12.2025. И целосна уплата до 10.01.2026

-10% попуст за резервации направени до  31.01.2026, и целосна уплата до 10.02.2026

 

 

 

 

Парга е едно од најубавите места на Јонското Море – град со антички корени, бела архитектура и препознатлив медитерански шарм. Опкружена со зелени ридови, маслинови дрвја и кристално чисти плажи, Парга нуди совршен баланс помеѓу релаксација и истражување. Гостите можат да уживаат во градското шеталиште, пристаништето, двете градски плажи, популарната плажа Валтос, излетите до околните островчиња и посетата на старата тврдина од XIV век. Парга е идеална дестинација за мирен, но содржаен одмор – место каде секој ќе најде нешто за себе.

Вила Vangelis House е сместена на едно од најубавите места во Парга, буквално на чекор од тврдината – само 1 минута пешачење. До популарната плажа Валтос ќе стигнете за 5–7 минути, а до пристаништето и центарот за околу 5 минути пријатна прошетка. Секоја соба во вилата има тераса со прекрасен поглед кон морето и плажата Валтос, што овозможува вистински моменти за одмор и релаксација. Над вилата се наоѓа ресторанот Tree Plain Trees, кој нуди одлична храна и атмосфера што совршено ја надополнува вашата приказна во Парга.

Parga   Vangelis House

Содржина на студијата

  • кујна опремена со прибор и садови за готвење
  • фрижидер
  • клима (доплата од 6 евра од ден)
  • сопствен тоалет со туш
  • ТВ и интернет
  • тераса со поглед кон море

Типови на соби и капацитет

бр.1 1/3+1 стд - со еден двоен кревет и еден единечен кревет плус дополнително легло ранџо

бр.2 1/3 еко студио - за 3 лица, со 3 единечни кревети, студиото е именувано еко бидејки нема директен излез на тераса, туку до терасата се стигнува преку недворешен ходник.

бр.3 1/4+2 апп - за 4 возр + 2 деца до 11,99год, со една спална соба со двоен кревет, и дневен простор со две софи на спуштање, кои кога ке се отворат стануваат 120см широки.

Важни напомени

  • Првите три и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
  • Понудата со попуст важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
  • Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
  • Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
  • Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
  • За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
  • попустите не може да се комбинираат,
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
  • За патници со автобуски превоз:
  • Куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
  • Доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
  • Секој куфер мора да има налепница од водичот
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус, и може да ги трансферира со друго возило, доколку нема пристап со автобус до сметувачкиот капацитет
  • Во цената не е вклучен превоз.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Парга:

Скопје (Дрводекор) – 70 евра по лице

Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес - 85 евра по лице

Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) - 70 евра по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Парга:

Битола (Автобуска станица Транскоп) – на перон – 60 евра по лице

Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола – 70 евра

Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 70 евра по лице

Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола – 70 евра по лице

Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола – 70 евра по лице

Релациите кои се наведени како (трансвер) се реализираат со патнички возила или комбe

Деца од 2-11,99 год – Попуст од 10 евра од редовната цена

Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште

Време на поаѓање за Парга:

01:00 h Скопје (Дрводекор)

01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)

12:45 h Штип (паркинг пред пошта)

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)

04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...