Vila Diogenis

 

 

 

 

 

 

 

Вила Диогенис се наоѓа во градина од маслинки над Валтос плажата. Одалечена 400 метри од море и околу 500 метри од стариот град Парга. Студио 02 поседуваат два стандардни кревети или еден француски кревет на приземје. Студијата поседуваат кујнски дел (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило,ТВ,клима и тераса со га  рнитура за седење. Климата се доплаќа. Се работи за комплекс кој го сочинуваат четири сместувачки капацитети и базен со тераса за сончање. На крајот, комплексот поседува студија кои се сместени на приземје и се означени со ПРОМО, стандардно опремени со посебна тераса. Супериор студија се реновирани и се наоѓаат во централниот дел од комплексот. Апартман 03 се на приземје. Во склоп на апартманот е спална соба со француски кревет, кујнски дел, и тросед на развлекување за трето лице, Тв, клима ( со доплата ) и тераса со гарнитура за седење.

Координати на вилата: 39.287359,20.392773.

Parga   Vila Diogenis

Цените се дадени по лице на 10 или 11 ноќи, без превоз

НАПОМЕНА:

  • Kлимата се доплаќа на ден по студио
  • Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
  • Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
  • Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.
  • За овој аранжман важат oпштите услови за патување
  • Туристичката такса е 2 евра по студио / апартман на ден.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...