Vila Urania
Вила Ураниа - лоцирана е во центарот на градот во Парга со прекрасен страничен поглед кон море од терасите. Лоцирана е веднаш до стариот музеј за производство на маслиново масло. Од плажа е оддалечена 300 метри. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, клима уред, тв и тераса со маса и столици. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет, паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место. На располагање имате и платен паркинг. Користењето на клима уредот, wi-fi е бесплатно.
Координати: 39.284222, 20.399833

Важни напомени
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Дуплекс апартманот има крпи, тоалетна хартија и сапун
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
Автобуски превоз
70 € за возрасни – повратна карта
50 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
ПРОГРАМА
