Vila Agios Athanasios

 

 

 

 

 

 

Амудиа е мало рибарско место во општина Фанари, областа Епир во Грција. Се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со белa песок.

Вила Агиос Атанасиос -  Многу блиску до море, на 230 метри од прекрасната песочна плажа. Сместување: Секоја соба има бања, ТВ, клима (се доплаќа) и балкон или тераса. Оброците се на база на полупансион ( појадок / вечера ) – шведска маса за појадок а вечерата е на послужување со салата и главно јадење. Главното јадење се менува секојдневно. Постои опција за вегетаријанско мени. Пијалок не е вклучен во цената. За оброци се користи ресторанот на хотелот ‘Philoxenia Hotel’. На денот на пристигнувањето ќе се организира само вечера а на денот на заминување само појадок. Постелнината се менува на 5 дена. Гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.

Координати од вилата: 39.2391407,20.483627

Amudia   Vila Agios Atanasios

НАПОМЕНА:

  • • климата се доплаќа на ден по соба;
  • Туристичката такса за 2026 године е 2 евра по студио / апартман на ден.
  • Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
  • Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
  • Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.
  • За овој аранжман важат oпштите услови за патување

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...