Karidi Beach Apartments
20% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации до 31.01.2026 (минимум уплата од 30% и доплата до 31.05.2026)
Вила Кaridi Beach apartments се наоѓа во мирен дел, речиси на крајот од селцето Вурвуру,на само 350 метри оддалеченост од најбараната плажа Кaridi Beach. Вилата располага со 1/4 апартман и 2/5 дуплекси,кои се направени пред 2 години.Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со кујнски прибор, апарат за кафе, микробранова,електричен бокал за вода, фрижидери и шпорет.Клима (вклучена во цена), тоалет,фен за коса, пешкири,пегла со даска за пеглање, тераса,сопствен паркинг и голем маслинов двор пред самата вила.Наша препорака е да се патува со сопствено возило бидејќи во близина на вилата нема ресторани,маркети и продавници.Истата е лоцирана во мирен и тивок дел на местото,изолиран од гужви.

Опис на апартманите:
1/4 апартман - бр.3 - се наоѓа на трет кат. Апартманот располага со две големи простории. Има голем брачен кревет во спалната соба и голема дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓаат 2 каучи кои не се спуштаат.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години.
1/5 дуплекс – бр.2 – се наоѓа на втор спрат. Дуплексот располага со три големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)
1/5 дуплекс - бр.1 - се наоѓа на прв спрат.Дуплексот располага со три големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така располага со тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)
Важни напомени
- ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа на лице место.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
- Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
ПРОГРАМА
