Vila Asteris

 

 

 

 

 

Вила Астерис е одличен избор за сите кои сакаат да бидат на чекор од песочната плажа и во непосредна близина на сите содржини во Торони. Објектот располага со само два апартмани, што гарантира мир, приватност и одличен однос цена–квалитет.

Вилата се наоѓа на само 50 метри од плажата, таверни и маркет, во самиот центар на Торони. Во приземјето на објектот се наоѓа брза храна со еден од најдобрите гироси во Торони, во сопственост на домаќинот.

Toroni   Vila Asteris

 

Сместување:

- Во понуда се 2 четирикреветни апартмани, лоцирани на први кат.

Секој апартман располага со:

- Посебна спална соба со брачен кревет,

- Одделна просторија со кујна и кревети на спрат за деца (горниот кревет е безбеден и достапен преку стабилни скали),

- Комплетно опремена кујна (фрижидер, мал шпорет/рерна, прибор),

- Бања со туш,

- ТВ,

- Клима уред,

- Wi-Fi интернет,

- Голема и удобна тераса.

- Постелнина, пешкири се менуваат на секои 7 дена.

 

Паркинг:

Објектот нема сопствен паркинг, но во непосредна близина има доволно простор за паркирање покрај улица.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Сместување во избраното студио за 7 ноќи.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Превоз до Халкидики – Торони
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
  • Турситичка Такса 2 евра по соба од ноќ

Напомени:

Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време).

Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости.

Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија.

- Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 евра, дете до 12 години 35 евра

- Неос Мармарас: возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра

- Торони, Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра

Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...