Vila Tsitsirikos
Вила Тситсирикос е еден од најпознатите и најбараните објекти во Торони, позната по одличниот сооднос на квалитет и цена. Сместена е на само 70 метри од плажата и шеталиштето, во прекрасен двор полн со зеленило и цвеќиња. Мирна атмосфера, исклучителна чистота и љубезни домаќини се причината зошто оваа вила е омилен избор за семеен одмор во Торони.
Вилата се наоѓа на само 70 метри од песочната плажа во Торони, во непосредна близина на сите содржини – маркети, таверни, кафулиња и продавници. Лесно се пристапува со автомобил, а вилата располага со сопствен паркинг за гостите. Објектот се состои од 12 четирикреветни апартмани (30 m²). Вилата има простран, уреден и зелен двор, идеален за семејства со деца. Во дворот има лежалки и чадори, масички со столици, скара (BBQ) достапна за сите гости, како и делови со сенка за попладневен одмор. Паркингот е бесплатен и обезбеден во рамките на дворот. Сместувањето е исклучително чисто и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 7 дена. Домаќините се познати по својата љубезност и внимателен однос кон секој гостин.
Апартманите располагаат со: спална соба со брачен кревет, кујна со трпезариски простор каде има еден поголем и еден помал единечен кревет, во два апартмани дополнително има и фотеља-кревет, сите апартмани имаат балкон (некои со трема), клима, ТВ, Wi-Fi и комарници.

Цената на аранжманот вклучува:
- Сместување во избраното студио за 7 ноќи.
Цената на аранжманот не вклучува:
- Превоз до Халкидики – Торони
- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
- Турситичка Такса 2 евра по соба од ноќ
Напомени:
Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот).
Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време).
Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости.
Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија.
- Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 евра, дете до 12 години 35 евра
- Неос Мармарас: возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра
- Торони, Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПРОГРАМА
