Hotel Toroni Blue Sea

 

 

(OLD WING** & MAISONETTES)

 

-15% попуст за резервација до 31.12.2025

 

 

 

 

 

Локација: хотелот е лоциран во непосредна близина на песочната плажа во Торони, една од најпопуларните песочни плажи на Ситонија, Халкидики.

Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, pool бар, snack бар, бежичен интернет (wi-fi), паркинг, мини маркет...

Сместување: Хотелот е организиран во два сместувачки дела од различна категорија.

Депанданс (Old wing **+) -> студио-соби на приземје, 1 и 2 кат. Собите се опремени со тераса/балкон, бања, мини бар, клима уред...

Мазонетите се комплетно нови единици во хотелот (2024 год), опремени со 1 брачен кревет и 2 единечни кревети. Максимум капацитет 4 лица.

Плажа: песочна плажа со сопствен beach bar Услуга: полупансион (појадок и вечера)

Напомена: Согласно категоријата, собите во "Old Wing" делот се чистат еднаш неделно (пред пристигнување на гостите), за одржување на собите, сервисирање на опремата и дополнителни услуги, потребно е гостите да се обратат до рецепцијата на хотелот. Додека собите во Maisonettes се чистат секоја Среда и Недела.

 

Toroni   Hotel Toroni Blue Sea Sabota

 

Toroni   Hotel Toroni Blue Sea Nedela

Доплати и попусти:

  • Во соба DBL (1/2+1) за 1 дете 0-11,99 г. -100%

                                              за 2 дете 2-5,99 г (без кревет) 105 €

                                              ➺ за 3 возрасен 12+ г. -30%

  • Во соба DBL (1/2+1+exb) или 2B Apartment (1/2+1+exb)

                                      ➺ за 1 дете 0-11,99 г. -100%

                                      ➺ за 2 дете 2-5,99 г. -100%

                                      ➺ за 2 дете 6-11,99 г. -50%  

                                      ➺ за 3 возрасен 12+ г. -30%

                                      ➺ за 4 возрасен 12+ г. -50%

                                      ➺ за 3 дете 2-5,99 г. (без кревет) 105 € доплата

  • Во соба DBL Maisonette (1/2+2)

                                      ➺ за 1 дете 0-11,99 г. -100%

                                      ➺ за 2 дете 2-5,99 г. -100%

                                      ➺ за 2 дете 6-11,99 г. -50%

                                      ➺ за 3 возрасен 12+ г. -30%

                                      ➺ 4 возрасен 12+ г. -50%

                                      ➺ за 3 дете 2-5,99 г (без кревет) 105 € доплата

Сoбите се наоѓаат во анекс зградата на хотелот "Old Wing" **+ и во новиот дел "Maisonettes"

  • DBL Economy (2+1) приземје и DBL Standard (2+1) 1 и 2 кат  (Капацитет до 3 лица: 1 двоен + 1 единечен кревет или 3 единечни кревети, тоалет)
  • DBL Standard (1/2+1+exb) 1 и 2 кат (Капацитет до 4 лица: 1 двоен + 1 единечен кревет + помошен кревет, тоалет)
  • DBL 2B Apartment (1/2+1+exb) приземје (Капацитет до 4 лица: 1 соба со двоен кревет + 1 соба со софа до две лица, тоалет)
  • DBL Maisonette (1/2+1+exb) приземје (Капацитет до 4 лица: 1 двоен + 2 единечни кревети на галерија, тоалет, тераса)

Maisonettes се сместени веднаш до главната зграда на хотелот Toroni "Old Wing" **

Цената на аранжманот вклучува:

  • Сместување во избраниот хотел со услуга по избор според табелите, и тоа 7 полупансиони (појадок и вечера).

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Туристичка такса која се плаќа на рецепција по пристигнување (check in) во објектот.
  • Доплата за дополнително дете 2-5.99 години во соба - 105 € (7 полупансиони)
  • Можност за сместување на второ дете (без кревет) во соба 2+1 или на трето дете (без кревет) во соба 2+1+еxb, со претходна најава во хотелот.
  • Превоз до местото на избраниот хотел во Грција (на барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите).
  • Задолжително е патничко осигурување
  • Услуги како користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена, освен ако е наведено поинаку во деталните описи на хотелот
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци....

                                                                                                                                       

Автобуски превоз

Цена на повратен автобуски превоз: 55 EUR по лице (40 € за деца 2-12 год.)

Во период од 23.05-19.09.2026 за смена (САБОТА-САБОТА)

Mеста и сатници на поаѓање:

- Скопје, во 04:00 ч.  (паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")

- Велес, во 04:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)

- Неготино, во 05:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")

- Смоквица, во 05:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")

- Гевгелија, во 06:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција:

- Истиот ден попладне.

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Избор на место за седење во автобус е можно, само со доплата од 10 евра по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред резервирани за персоналот.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

Важни напомени

* Редовните цени и цените со попуст, се објавени во ценовникот бр.1 со важност до 30.09.2026 година, или до објава на нов ценовник. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот 
 за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 

Корисни информации 

  • Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 16:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот); 
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. 
  • Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.  
  • Tретиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа. 
  • Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и   локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат; 
  • Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.  
  • Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 15 € . 
  • Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.  

ВНИМАНИЕ!

  • Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.  
  • Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги. 

Услови на плаќање 
Во случај на резервации со превоз или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин: 
1. За резервации со попуст (рани попусти - EB): 

  • Попустот за рана резервација важи за ограничен број на соби, до датумот објавен во табелата или до повлекување на понудата!
  • При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата. 
  • Доплатата на вкупниот износ од договорената цена, се врши до 3 недели пред датумот на патување. 
  • Уплатениот износ од 50% не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
  1. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
  • 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата, 
  • 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање, 
  • 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање; 
  1. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM),
  • Резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите; 

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).  
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве: 

  • за отказ  до 30 дена пред патувањето 30% 
  • за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50% 
  • за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80% 
  • за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90% 
  • за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%. 

За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа. 


НАПОМЕНА: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата. 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...