Hotel Melisa Gold Coast
Псакудија е вистински медитерански бисер со долга песочна плажа,кристално чисто море и опуштена атмосфера идеална за семејства и парови. Опкружена со борови шуми и маслинови насади, ова мало приморско место нуди совршен баланс меѓу природен мир и уживања во таверни со традиционална грчка кујна, кафулиња на плажа, маркети и прошетки засенчени од борова шума по средените плажи.
Хотел Melissa Gold Coast се наоѓа во живописното место, наречено Псакудија, кое се наоѓа на вториот крак на Халкидики, Ситонија. Хотелот се состои од четири главни згради, со поглед на боровата шума,опремена кујна за подготовка на лесна храна и базен и е на само 80 метри до плажата. Различни типови на соби, рецепција, базен, хидромасажа, детски базен, бар покрај базен, ресторан, бар на плажа со игралиште, лежалки и чадори и спортови на вода.

Сместување:
Студио бр.305 - во зграда C, 1/2 студио со 2 единечни 1 една фотелја на суштање. Студиото има поглед кон градината и базенот, има балкон, се наоѓа на втор спрат и има 27 метри квадратни. Максимално дозволено сместување е на 2 возрасни лица и 1 дете до 6 години. На барање можно е да се стави и креветче за бебе но само во случај доколку не е пуштена фотелјата.
Фамилијарен мазонет бр.309 - во зграда C, со 5 единечни кревети, 2 кревети на приземје заедно со кујната и на горниот спрат 3 единечни кревети. Собите не се одделени со врата. Мазонетот има поглед на задниот дел од градината кон улица, и се наоѓа на приземје со тераса , со 38 метри квадратни. Максимално сместување е на 5 возрасни лица и 1 бебе до 1.99 години.
Студио бр.404 - во зграда D, двокреветно студио со 2 единечни 1 една фотелја на суштање. Студиото има поглед кон задниот дел од градината и улицата, се наоѓа на втор спрат и има 28 метри квадратни и има балкон. Максимално дозволено сместување е на 2 возрасни лица и 1 дете до 6 години. На барање можно е да се стави и креветче за бебе но само во случај доколку не е пуштена фотелјата.
Студио бр.408 - во зграда D, двокреветно студио со 2 единечни кревети. Студиото има поглед кон задниот дел на градината и улицата и има 20 метри квадратни, се наоѓа на приземје со тераса. Максимално сместување е на 2 возрасни лица и бебе до 1.99 години. За бебето не е возможно поставување на бебешко креветче и истото спие со родителите во кревет.
Џуниор апартман бр.209 - во зграда B, апартман со 2 оделни спални соби, една со брачен и втора со два единечни лежаи.Апартманот има панорамски поглед на море и се наоѓа на трет спрат и има 60 метри квадратни. Има еден балкон и една тераса со поглед на морето.Максимално сместување е на 4 возрасни лица. Има кујна за подготовка на лесни јадења и нема бебешко креветче.
М1 приватен апартман - 42м квадратни на приземје со еден брачен кревет и 2 единечни кревети на спрат/ кауч со приватен поглед на градината и морето. Има тераса од 30м квадратни. Максимално сместување е 4 возрасни лица. Апартманот се состои од една спална соба со брачен кревет, дневна соба со 2 дополнителни единечни кревети и целосно опремена кујна со фрижидер, електричен шпорет. Апартманот има и машина за перење, надворешен туш и скара.
М2 приватен апартман - 42м квадратни на приземје со еден брачен кревет и 2 единечни кревети со приватен поглед на градината и морето. Има тераса од 30м квадратни. Максимално сместување е 4 возрасни лица. Апартманот се состои од една спална соба со брачен кревет, дневна соба со 2 дополнителни единечни кревети и целосно опремена кујна со фрижидер, електричен шпорет. Апартманот има и машина за перење, надворешен туш и скара.
Што е вклучено во цената:
- Наем на студио за 7 ноќевања.
- Клима уред.
- Wi-Fi.
- Користење на базен за возрасни и деца.
Што не е вклучено во цената:
- Доплата за туристичка такса – 14 € по апартман за цел престој (се плаќа во вилата).
- Превоз Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
- Превоз за возрасен – повратен билет 55 €, во еден правец 50 €.
- Превоз за дете до 11,99 години – повратен билет 45 €, во еден правец 40 €.
- Патничко осигурување.
- Лежалки и чадори за на плажа – со минимална доплата.
Напомени:
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 мкд).
- Во апартманите/студијата е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети.
- Над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 5,99 години.
- Кога цените се ПРОМО, за уплата на два последователни термини се рачунат две ПРОМО цени.
- За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст.
- Попустите не се комбинираат.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last Minute понуда да објави и продаде слободни капацитети по цени различни од оние во ценовникот.
- Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
- Сместување во собите е по 14:00 часот (локално време), а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
- Доколку настане штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата/хотелот.
- Во цената е вклучено користење Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
- Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи; поради тоа не може да се направи промена на термин.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите пропишани протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
ПРОГРАМА
