Vila Pascalia
Псакудија е вистински медитерански бисер со долга песочна плажа,кристално чисто море и опуштена атмосфера идеална за семејства и парови. Опкружена со борови шуми и маслинови насади, ова мало приморско место нуди совршен баланс меѓу природен мир и уживања во таверни со традиционална грчка кујна, кафулиња на плажа, маркети и прошетки засенчени од борова шума по средените плажи.
Вила Паскалија – со поглед на море, на 100 метри од плажа, ви дарува летување што ќе се памети. Утринско кафе со поглед на море и вечери со совршен залез на сонцето и мирис на море. Вилата располага со трокреветни студија и четворокреветни апартмани. Пред вилата има паркинг на принцип прво слободно место, достапен за гостите. Климата е бесплатна.
Координати на вилата: 40.269083, 23.448944

Важни напомени
За пакет аранжманот во студио потребни се минимум 2 лица.
Трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат.
Дете до 02 години не плаќа (бесплатно) не користи седиште во автобус.
За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 евра по лице.
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и ДУПЛЕКСОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
Студијата: Имаат по една крпа, имаат тоалетна хартија и сапун
Автобуски превоз
50 евра за возрасни – повратна карта
35 евра за возрасни – карта во еден правец
35 евра за деца до 12 години – повратна карта
20 евра ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 евра ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
ПРОГРАМА
