Maraboo Suites
ПОПУСТ -10% За резервации со 50% до 31.03.2026
Maraboo Suites е модерен и комфорен сместувачки комплекс со 18 уникатни едници, сместен во мирниот и поп.уларен туристички центар Никити на полуостровот Ситонија во Халкидики. Објектот е приближно 400 метри од прекрасната плажа во Никити, што го прави идеално место за семејства, парови и гости кои бараат релаксиран одмор покрај море.
Локацијата нуди лесен пристап до кристално чистите плажи, ресторани, кафулиња и маркети, со можност за пешачење до стариот град на Никити
Кординати: 40.219526,23.669158

Сместување:
- Работно уреден во минималистички, светли тонови, комплексот нуди различни типови сместувачки единици прилагодени на потребите на различни категории гости:
- Deluxe Suites – идеални за семејства 4 лица; имаат брачен кревет на понискиот кат и два единечни во лофт-делот.
- Junior Suites – идеални за парови, со голем кревет и приватен балкон.
Сите соби се опремени со:
- Клима уред и Smart TV
- Бесплатен Wi-Fi интернет
- Мини фрижидер
- Паркинг (бесплатен)
- Балкон или тераса
- Приватна бања
- Сервис за чистење секој 3/4 ден (или согласно правила на објектот)
Цената на аранжманот вклучува:
- Сместување во избраното студио за 7 ноќи.
Цената на аранжманот не вклучува:
- Превоз до Халкидики – Торони
- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
- Турситичка Такса 2 евра по соба од ноќ
Напомени:
- Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот).
- Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време).
- Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости.
- Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
- Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
ПРОГРАМА
