Hotel Golden Beach 3*

 

 

 

 

 

Хотел Голден Бич е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море. Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН:

  • Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa;
  • Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса

Metamorfozis   Hotel Golden Beach

Хотелот располага со 47 соби: 

1/3 собите на приземје - имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет)

1/3 стд собите - се на кат и се со страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет)

1/4 Студио - се наоѓа на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети) 

1/4 Апартман - со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во 2 соби)

1/5 Апартман - со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба) Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче, лизгалки и други реквизити, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата.

Напомени:

  • Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН+ за 7 ноќевања
  • Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман'' од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
  • Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
  • Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО
  • Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената
  • Второ и трето дете во 1/5 Апартман' од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плакаат по 20% од цената за возрасен
  • Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
  • Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло - БЕСПЛАТНО
  • Втора, Трета, четврта и петта возрасена особа над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
  • Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот;
  • Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
  • Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
  • Сместување во собите е по 14:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
  • За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари;

Попусти:

  • За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
  • Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
  • Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
  • Попустот за рана уплата од 10% важи за резервации направени до 01.02.2026 со аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот и целосна доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација

Резервации и плаќање:

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот;

Превоз:

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација.

Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

 

Цена за превоз Скопје – Халкидики - Скопје:

  • возрасни: 50€ (еден правец 40€)
  • деца од 2 до 12 години: 40€ (еден правец 35€)
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...