Vila Sarizas
15% попуст на термините 27.6.2026, 4.7.2026 и 22.8.2026 за целосна уплата до 30.01.2026
10% попуст на сите термини за целосна уплата до 30.01.2026
Вила Sarizas е лоцирана на 80 метри од прекрасната песочна плажа, во најубавиот дел на Сивири, или 1 минута од шеталиштето. Опкружена е со дрвја и со зеленило, има сопствен паркинг. Располага со четирикреветни и петкреветни апартмани, квалитетно опремени во традиоционален грчки стил, и големи тераси со поглед кон море, сите опремени со ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, комплетно опремена кујна.


-Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите -
Бр. 2N (четирикреветен аапртман) на 2 кат. Поглед кон море. Брачен – француски кревет и еден единечен кревет спална соба и едно дополнително легло во иста просторија со кујната.
Бр. 3 (петкреветен апартман) на 2 кат. Поглед кон улица. Брачен – француски кревет и еден единечен кревет спална соба, и еден единечен плус едно дополнително легло во иста просторија со кујната.
Бр. 5 (шесткреветен апартман) на приземје. Поглед кон улица. Три одвоени спални соби со по два стандардни кревета и одвоена голема комплетно опремена кујна со гарнитура за седење.
Напомена:
- Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
- Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
- За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
- Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3,100 денари (50 евра)
- За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
- Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
- Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж агенцијата не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 или на 10 ноќевања.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.
- Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- На денот на пристигнување, за гостите во куќите, вработените во агенцијата ќе бидат на располагање до 18ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на куќите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
- Категоризацијата на објектите – куќите не е во надлежност на агенцијата туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.
- Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.
- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
- Агенцијата не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција.
ПРОГРАМА
