Vila Hristos

 

 

 

 

 

Вила Христос се наоѓа во центарот на Сивири, на најатрактивна локација, непосредно пред плажата. Сите соби се опремени со: кујна опремена со прибор според бројот на лица во собата, бања, ТВ WI-FI и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Терасите се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да уживате во зајдисонцето од удобноста на вашиот апп/стд. Вилата располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартамни, што значи дека можат да одговарат на сите структури!

Siviri   Vila Hristos

Напомени:

  • Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
  • Туристичка такса се плаќа во агенција;
  • Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
  • Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
  • Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

Попусти:

  • За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
  • Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
  • Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

Резервации и плаќање:

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

Услови за рана резевација:

  • Уплата 50% од износот на аранжманот;
  • Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
  • Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

Превоз:

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

 

Цена за превоз Скопје – Халкидики - Скопје:

* 50€ возрасни (повратен билет)

* 40€ возрасни (eден правец)

* 40€ деца од 2 - 12 години

* 35€ деца од 2 - 12 години (eден правец)

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...