Vila Zafirija

 

20%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26) 
  10
%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26) 
 

 

 

 

 

Вила Зафирија се наоѓа во централниот дел на Полихроно до малата црква и наспроти хотел Poseidonio и на околу 120 метри од плажа. Располага со  двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија и апартмани со 1 спална соба за две, три и четри лица.

- Двокреветните студија имаат брачен кревет и се наоѓаат на I кат.

- Трокреветните студија имаат брачен и единечен кревет и се на II кат.

- Четворокреветното студио е со четри едниечни легла и се наоѓа на приземје.

- Трокреветните апартмани се со две соби: брачен во спалната и единечен кревет во кујната и се наоѓаат на приземје, први и втори кат.

- Четворокреветниот апартман има брачен кревет во спалната и два единечни кревети во кујната и се наоѓа на втори кат.

Сите студија и апармани се  комплетно опремени со тоалет, мини кујна, балкон, ТВ, интернет и клима - вклучена во цена. Вилата е реновирана во 2019 година. Вилата располага со бесплатен паркинг простор за неколку возила. Промена на постелини на 3 дена, односно два пати за време на престој од една седмица.

polihrono   Vila Zafirija

Важни напомени:

  • Цените со * се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број не може да се смести ниту бебе во кревет со двајца возрасни;
  • Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија и Битола само за смените со наем на апп;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на 300м од вилата на главниот пат кај семафорите;
  • Wi-Fi интернет и клима - БЕСПЛАТНО!!
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

 

Попусти и доплати:

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (со *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • Доплата за туристичка такса 2€ од апартман од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
  • Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...