Vila Dora

 

20% попуст за рана уплата до 28.02.2026

Важи за термини до 05.07.2026 и термини од 13.09.2026

 

 

 

 

 

Вила Дора се наоѓа на околу 250 м. (5 мин.пеш) оддалеченост од песочната плажа и на околу 1 километар од центарот на Неа Каликратија. Вилата се наоѓа на околу 5км од познатата плажа Сахара.

Nea Kalikratija   Vila Dora

 

Сместување:

Приземје и мезонети: двокреветни студиа, четирикреветни апартмани, петкреветини и седумкреветни мезонети.

Студио ½ - брачен кревет, опремена кујна, ТВ, бања со фен, тераса.

Апартман 1/2+2- спална соба со брачен кревет, одделена опремена кујна во која има софа на спуштање, ТВ, бања со фен, тераса.

Апартман 1/3+2- на горниот кат спална соба со брачен кревет и еден единечен кревет, на долниот кат одделена опремена кујна во која има аголна гарнитура на спуштање или две софи,ТВ, бања со фен, тераса.

Апартман 1/5+2- на горниот кат една спална соба со брачн кревет и една спална соба во брачен и единечен кревет, на долниот кат одделена опремена кујна со аголна гарнитура на спуштање, ТВ, бања со фен, тераса.

Бебешко креветче- на барање.

Клима уредот е вклучен во цената.

Пешкири има во сместувачките капацитети.

Водата НЕ се пие.

Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Во склоп на комплексот има мини забавен парк за деца (30 м2) и заеднички простор за дружба со летниковци и скари.

(можност за користење на паркот за деца од 08:30-15:00 и 17:30-22:00 часот)

Во склоп на објектот има 4 надворешни туш кабини како и машина за перење алишта, која се доплаќа 4евра од перење.

Обезбеден паркинг за сите гости на објектот.

Време за одмор, мир и тишина во објектот, од 15:00-17:30 и 23:00-08.30часот

Бесплатен паркинг за гостите од вилата во центарот на Неа Каликратија (со претходна најава)

Лидл и Масутис се наоѓаат на околу 1км од вилата.

 

 

Превозот се доплаќа

Возрасен  50 евра повратен / 40 евра еден правец.

Деца од 02-12г.  40 евра повратен / 30 евра еден правец.

Деца до 2г. Бесплатно (без седиште).

* Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во агенција).

* Цените означени со * се промо цени и на нив не следува попуст.

* Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;

* Сместувањето во студијата и апартманите е во 14:00 (по локално време);

* Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);

* Секоја направена штета се плаќа на лице место;

* За хигиената во апартманите и студијата во текот на целиот престој се грижат гостите;

* За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс,во спротивно резервацијата е неважечка;

* Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;

* Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.

* Задолжително патничко осигурување.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатеното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на оваа програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Организаторот не ја цени исправноста на патни документи.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните институции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.

Цените може да се коригираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Цените може да се коригираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

Важат општите услови за патувањe 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...