Dream Apartmnts
Dream Apartments се наоѓа веднаш на песочната плажа во летувалиштето Дионисио Бич, во близина на познатите места Неа Муданја и Флогита. Објектот е идеален избор за семеен одмор, благодарение на својата локација покрај море, мирната околина и удобните сместувачки единици. Во непосредна близина се наоѓаат таверни, кафулиња, продавници и мини маркети.
Координати: 40.24909,23.25282

Сместување:
Вилата располага со повеќе типови сместувачки единици:
- Двокреветни студија, со можност за додавање помошен кревет;
- Полуапартмани (трокреветни) – со одвоена кујна;
- Апартмани (1/3+1 или четирикреветни) – со брачен кревет во спалната соба и кауч на расклопување во дневниот дел;
- Мезонети на две нивоа, со директен поглед кон морето.
Сите соби се модерно опремени и содржат кујна со прибор за јадење и готвење, фрижидер, решо, приватен тоалет со туш, тераса со гарнитура за седење, ТВ и клима уред (вклучен во цената). Целосно реновираните апартмани (LUX) се лоцирани на приземје, а реновираните студија (LUX) се на први кат.
Содржини и услуги:
Објектот нуди Wi-Fi интернет, за чија брзина и стабилност агенцијата не може да гарантира, како и можност за користење на заеднички простори и двор со директен пристап до плажата. Паркирањето е овозможено пред самиот објект.
Хигиена и одржување:
Гостите самостојно се грижат за хигиената во своите апартмани, а постелнината се менува еднаш во текот на престојот.
Локација и координати:
Вилата се наоѓа директно на плажа, на неколку минути пешачење од центарот на Дионисио Бич.
Цената на аранжманот вклучува:
- Сместување во избраното студио за 7 ноќи.
Цената на аранжманот не вклучува:
- Превоз до Халкидики – Неос Мармарас
- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
- Турситичка Такса 2 евра по соба од ноќ
Напомени:
- Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот).
- Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време).
- Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости.
- Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
- Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија.
Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПРОГРАМА
