Едипсос - Vila Asteria

 

 

 

 

 

Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.

Вила Астериа е една од поубавите вили во Едипсос. Се наоѓа на околу 100м од термалните извори и од плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на приземје и на кат. Секое студио е опремено со кујна и садови согласно бројот на кревети во собата, купатило, тв, клима и тераса (двор) и интернет. Вилата има рецепција, бар и лифт.

Evia   Edipsos   Vila Asteria

Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите. Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават

Информации, попусти и доплати 

Трето и четвтро лице гратис сместување во студио (плаќаат само превоз)

Трето, четврто и петто лице гратис сместување во апартман (плаќаат само превоз)

Доплата за превоз и траект (поѓање од Скопје):

70 евра за возрасни

50 евра за деца до 12 години

  • За патување со сопствен превоз од цената се намалува 20 евра по лице
  • Доплата за превоз 70 евра за возрасни, 50 евра за деца до 12год
  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување. ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме. Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец (освен седиштата 1 и 2)
  • Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.
  • За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
  • Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување, 2 еур дневно по студио/апп.
  • Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.
  • Попустот важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.

Напомена

  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.
  • При промена на цените (зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
  • За резервација со попуст за рана уплата, 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата ДО 01.04.2023
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21 ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...