Едипсос - Maravellia Hotel
Хотел Маравелиа е модерен хотел на прва линија до море, сместен во центарот на Loutra Edipsos, со директен пристап до плажа и прекрасен поглед кон Егејското Море. Објектот е идеален за релаксирачки одмор со комбинација на мир, удобност и одлична храна. Благодарение на својата локација и домашна атмосфера, хотелот е особено популарен кај парови и фамилии.
Локација: Хотелот се наоѓа на самата обала во Loutra Edipsos, на неколку минути пешачење од познатите термални извори Edipsos Thermal Springs (500 м). Аеродромот Nea Anchialos е на 67 км оддалеченост, а во близина има таверни, кафулиња и маркети.

Сместување и содржини: Хотелот располага со модерно уредени соби со балкон и поглед кон море. Сите соби се опремени со: клима-уред, телевизор со рамен екран, бесплатен Wi-Fi, приватен тоалет со туш или када, фен, тоалетни производи и пешкири, кујна и фрижидер, гардеробер, маса и столици, балкон или тераса (со поглед кон море или планина)
Услуги и удобности: - ресторан со традиционална грчка кујна, појадок (континентален, веган, безглутенски – по избор), бар и кафе-бар на самата плажа, рецепција, отворена тераса за сончање, јавна бања и beauty услуги, бесплатен паркинг во близина
Двор и атмосфера: Гостите уживаат во сончевата тераса со лежалки, а атмосферата во хотелот е тивка и релаксирачка, со прекрасен поглед кон морето. Идеално место за утринско кафе или романтична вечера со зајдисонце.
Предности - Локација на прва линија до море, Прекрасен поглед кон морето, Бесплатен Wi-Fi и паркинг, Ресторан и бар на лице место, Близина до термалните извори, Идеално за парови и фамилии
Цената на аранжманот вклучува:
- Автобуски превоз Скопје – Едипсос – Скопје. Поаѓање кон Едипсос во 23:30
- Сместување во Студио 7 ноќи
- Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
Цената на аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци…. ноќ
- Турситичка Такса 2 еврапо соба од ноќ (се плаќа во објектот)
Напомени:
Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин.
Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време).
Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости.
Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПРОГРАМА
