Apphotel Lazaridis
25 % попуст за првата и последната смена , 20 % попуст за втората смена , 15 % попуст за третата смена
За сите останати смени попустот е 10 %
За резервација и целосна уплата до 19.12.2025 год
Apphotel Lazaridis се наоѓа на 150 метри од плажата. Располаге со двокреветни и трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје и прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна тераса која можат да ја користат сите гости на хотелот, а во хотелот има можност за појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа „Voulitsa“ која уштена првата средба ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. Од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа „Komitsa“, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.
Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија не е дозволено да се сместуваат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.
Координати на вилата: 40.380784, 23.933122

Опис на сместувањето:
Студио бр. 31 (поглед на море) – на 1 кат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред. Студиото има купатило со сопствен бојлер.
Студио бр.41 (поглед на море) - на високо приземје кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1) Напомена: Приземјето е на исто ниво со терасата на хотелот.
Студио бр.42 (поглед на море) - на високо приземје кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1) Напомена: Приземјето е на исто ниво со терасата на хотелот.
Студио бр.43 (поглед на море) - на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1)
Студио бр.44 (поглед на море) - на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1)
Важни напомени
Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.
- Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Климата е вклучена во цената
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 20 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Цена за превоз:
- Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€
- Деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €
- Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ПРОГРАМА
