Vila Lena
25 % попуст за првата и последната смена , 20 % попуст за втората смена , 15 % попуст за третата смена
За сите останати смени попустот е 10 %
За резервација и целосна уплата до 19.12.2025 год
Vila Lena е лоцирана во мирниот дел на Неа Рода, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ на околу 100 метри од плажата. Располага со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје. Дел од сместувачките капацитети имаат поглед на море, а останатите поглед на улица. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.
Координати на вилата: 40.380592, 23.933160

Опис на сместувањето:
Апартман бр.1 - на приземје со две простории. Во првата соба два единечни кревети со нормална големина, втората соба е издвоена со лизгачка врата и има два единечни кревети, тука е и кујната. Од двете соби се излегува на тераса со поглед кон улицата.
Студио бр.2 - на приземје. Опремено е со еден дупли и еден единечен кревет и тераса со поглед кон улица.
Апартман бр. 3 - на приземје со две простории кои меѓу себе се одделени со лизгачка врата. Во првата соба три единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во оваа просторија се наоѓа мини. Од собата се излегува на тераса која има поглед на улицата. Од оваа просторија се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море. Купатилото е со нормална големина.
Важни напомени
Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.
- Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Климата е вклучена во цената
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 20 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Цена за превоз:
- Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€
- Деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €
- Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ПРОГРАМА
