Vila Maria Pashalidou

 

25 % попуст за првата и последната смена , 20 % попуст за втората смена , 15 % попуст за третата смена

  За сите останати смени попустот е 10 %

За резервација и целосна уплата до 19.12.2025 год

 

 

 

 

Vila Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и еден петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Координати на вилата: 40.380445, 23.930400

Nea Roda   Vila Maria Pashalidou

Опис на сместувањето:

Апартман бр.3 (прв спрат) - со една посебна спална соба со 3 единечни кревети одделена со врата од кујната и тераса со директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.5-I (прв спрат) - со една посебна спална соба со 3 единечни кревети одделена со врата од кујната и тераса со директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.6 (прв спрат) - дуплекс апартман со две посебни спални соби ( во едната има нормален брачен кревет, а во втората 3 одвоени единечни кревети)и целосно издвоена кујна. Терасата е со страничен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.2 (втор спрат) - со една посебна спална соба со 3 единечни кревети одделена со врата од кујната и тераса со директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.5-II (втор спрат) - со една посебна спална соба со 3 единечни кревети одделена со врата од кујната и тераса со директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Важни напомени

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.

  • Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Климата е вклучена во цената
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 20 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€
  • Деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно 

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...