Vila N&D
20 % попуст за термин: 24/05-31/05
за резервации заклучно со 07.03.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш при резервација и целосна
доплата заклучно со 04.04.2026 (сабота)
*сите останати термини по редовни цени
Вила “N&D” (ex Nicoleta ) се наоѓа на одлична местоположба, на само 100 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото. Располагаме со 3 двокреветни студија, 2 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите сместувачки единици располагаат со сопствени екстра реновирани тоалети со пешкири, балкон, минимален прибор за готвење и јадење (во нив нема тави за пржење, тенџериња, шпорети и сл.), LCD TV и нов високо квалитетен мебел. Оваа вила не дозволува готвење како во домашни услови. Сите студија се комплетно реновирани за лето 2026, нови, за најпробирливите патници. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг пред вилата.
Студио број 3 (1/2) – приземје. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на главната улица, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет.
Студио број A1 (1/2) – втор кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на задниот дел на вилата, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет.
Студио број A2 (1/2) – втор кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет тераса со поглед на задниот дел на вилата, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет.
Студио број 8 (1/3)– прв кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на главната улица, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет и 1 стандарден кревет.
Студио број 9 (1/3) – прв кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на главната улица, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет и 1 стандарден кревет.
Студио број 10 (1/4) – прв кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на задниот дел на вилата, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревети.
Координати: 40.39898,23.87994,1103


НАПОМЕНИ:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- Напомена: Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица| 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот
Цена за превоз:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
Место и време на поаѓање:
- Куманово 02:45 ч. Бензинска пумпа Макпетрол
- Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин
- Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
- Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол
- Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол
- Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен преми
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
- Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ПРОГРАМА
