Vila Kostas
10 % попуст на целата понуда
за резервации заклучно со 07.03.2026 (сабота) за 50 % уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 04.04.2026 (сабота)
Вила Костас се наоѓа на одлична локација на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, а во многу мирен дел. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартман. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и пешкири се вклучени во цената. Има паркинг веднаш пред вилата.
Дуплекс апартман број 1A (дуплекс 1/4 + 2) – приземје, простран дуплекс. Дуплекс апартманот има две спални соби со брачен кревет. Дневна со софа на пуштање, опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет, како и голема тераса со маса и столови.
Апартман број 2А (1/3+2) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има спална со брачен кревет и мал кревет за дете и во кујна уште еден помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.).
Апартман број 3А (1/4 ) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица Има спална со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и софа на пуштање. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.
Апартман број 1Б (1/3 + 1) – прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.
Апартман број 2Б (1/3 + 1) – прв кат, голем, простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и кујна со помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.


Напомени:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
- Напомена: Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица, а во дуплекс апартман 4 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
- Во апартман / дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа
Цена на превоз:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
-
- Место и време на поаѓање:
- Скопје – хотел ‘Russia’
- Куманово – БП Макпетрол (автопат)
- Велес – БП Макоил
- Неготино – БП Макпетрол Неготино
- ГП Богородица
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
- Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
- Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
- Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа во агенција и истата изнесува 2 евра на ден по апартман / дуплекс апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
-
Превоз:
- Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ПРОГРАМА
