Vila Stefi

 

 

 

 

Вила Stefi комплетно реновирана во 2025 година, се наоѓа на 80м од Бела виста плажaта и на 100м од центарот на Ксамил, располага со студија и апартмани опремени со кујна, клима (вклучена во цената), тоалет, тераса...

Ksamil   Vila Stefi

 Опис на сместувањето:

Студио бр.1 - трокреветно студио  на први кат има еден брачен кревет и еден единечен, кујна опремена со садови, клима, тоалет, ТВ, тераса

Студио бр.2 - трокреветно студио  на први кат има еден брачен кревет и фотелја на спуштање, кујна опремена со садови, клима, тоалет, ТВ, тераса

Апартман бр.3 - за 5 лица на први кат има еден брачен кревет, два единечни кревети во едната соба, (одделена со стаклена врата)во кујната има единичен кревет, кујна опремена со садови за готвење, клима, ТВ, тоалет, тераса

Апарман бр.4 - за 6 лица на први кат: во едната соба има брачен кревет и два единечни кревети, во другата соба (одделена со стаклена врата) има два единечни кревети и кујна опремена со садови за готвење, клима, тоалет, ТВ, тераса..

Студио бр.5 - трокреветно студио  на први кат има еден брачен кревет и еден единечен, кујна опремена со садови, клима, тоалет, ТВ, тераса

Студио бр.6 - трокреветно студио  на први кат има еден брачен кревет и фотелја на спуштање, кујна опремена со садови, клима, тоалет, ТВ, тераса

Дуплекс Стефи 2 - се наоѓа на втор спрат предвиден за 6-8 лица, две спални, дневна и кујна (опремена со садови за готвење) клима и ТВ, тоалет, тераса.

Важни напомени

  • Цените се дадени за наем на соба/апартман за 7 ноќевања/8 дена (плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
  • Цена за превоз за возрасен 50 евра, за деца (2-10 год.) 40 евра
  • за трансфер од Штип,Велес ,Куманово, - доплата 10е по лице
  • Хигиената во апартманот за време на престојот ја одржуваат самите гости
  • Во собите нема пешкири и средства за лична хигиена
  • Во случај на причинета штета за време на престојот Корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на климата сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот додека сте надвор од собата.
  • Јачината на сигналот на интернет зависи исклучиво од давателот на услугата
  • Строго се забранува сместување на повеќе лица во студио од предвиденото (во склад со број на кревети)
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;

Време на поаѓање:

  • Велес(макпетрол) 22.00 ч
  • Куманово(макпетрол) 22.00 ч
  • Штип (нова пошта) во 21.30 ч
  • Скопје (Вип паркинг) во 23. 00 ч
  • Тетово (Веро) во 00.00 ч
  • Гостивар(бунар петрол на автопат) во 00.30 ч
  • Кичево (бензиска Power petrol) во 01.30 ч
  • Струга (Подмоље бензиска Бесјани) во 2.30 ч
  • Поаѓање еден ден пред наведените датуми во табелата
  • Поаѓање од Ксамил во 12.00 ч.
  • ​Поаѓање од Саранда во 12.30ч
  • Селекција на седишта во автобус!
  • Патниците се сместуваат според временска линија на уплата!
  • Доколку имате барања за седиште истото се доплаќа 15е за во двата правца!
  • Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот

.

 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...