Vila Christos

 

  12% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 10.12.2024 до 18.01.2025 (минимум уплата од 50% и доплата до 31.02.2025)

 

 

 

 

Вила Христос се наоѓа на 80 метри од плажа. Распoлага со трокреветни студија и петокреветни / шестокреветни апартмани и дуплекс апартмани сите лоцирани на први кат. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Сместувањето е Б категорија. Опис: Студио – една просторија со кујна, брачен и единечен кревет. Апартман – две простории од кои во едната има кујна и брачен кревет и втората просторија во која има брачен и единечен кревет. Дуплекс апартман - со три простории, една спална со два брачни кревети, втора спална со брачен и единечен кревет и посебно кујна.

Координати: 39.978959, 22.644740

 

Nei Pori   Vila Hristos

Важни Напомени:

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2 И 1/3 СТУДИО, ТРИ ЛИЦА ВО 1/5 АПАРТМАН И ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО 1/6 ДУПЛЕКС, ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.

Опис на апартманите:

  • 1/6 дуплекс- број 1.-Две посебни спални соби со еден дупли и еден единечен кревет. Одвоена кујна.
  • 1/5 апп- број 2- Една спална соба со брачен и единечен кревет и во кујната уште еден брачен кревет.
  • 1/5 апп-број 3- Една спална со два единечни кревета и друга соба со една спална и кујна во истата просторија.
  • 1/5 апп- број 4-5- Една спална со два единечни кревета и друга соба со една спална и еден единечен кревет и кујна во истата просторија. Две купатила.
  • 1/3 студио- број 6- Студио со еден француска кревет и еден единечен + кујна во истата просторија.
  • 1/2 студио- број 7- Студио со два единечни кревета + кујна во истата просторија.

Напомени:

  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на доп. барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од соба.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

деца до 11,99 години 35€ / Еден правец 30€.

Дете до 1,99 години (без седиште) – бесплатно

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...