Vila Bogoevic
-10% попуст за 50% уплата до 01.03.2025 и целосна доплата до 01.05.2025
Вила Богоевиќ се наоѓа во центарот на околу 250 – 300м од плажа. Располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер. ( цените со* ). На третиот кат дел од собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер. Kористење на клима уредот е вклучен во цената во оние соби во кои има клима.
Информации, попусти и доплати
- Прво дете до 11,99 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот.
- Второ дете до 11,99 год. ГРАТИС (доплата за превоз 45 евра) за сместување во 1/3 соба.
- Второ дете до 11,99 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во 1/4 соба.
- Попуст за трето возрасно лице или дете над 12 год – 20% попуст.
- Дете до 5 год. кое не користи кревет - ГРАТИС (доплата за превоз 25 евра).
* Намалување за патување со сопствен превоз - 10 евра.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место
* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
- Поаѓање од Скопје (паркинг кај Борис Трајковски) – 05.00 часот
- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец (освен седишта 1 и 2)
- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
- Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување (информации во агенцијата)
Напомена
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- Секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
- Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот.
- При промена на цените (зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
- За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21 ден пред поаѓање.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
- Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер.
ПРОГРАМА