LAST MINUTE    Last Minute - Понуди !!!       Халкидики   Касандра      "Maria Pontoy" -  Неа Флогита - 10.05.2025 - Повеќе детали
Лето 2025 * Лето 2025 *                                       &nb Повеќе детали
Vila Maria Pontoy Vila Maria Pontoy   10% попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2024 на термините во мај, јуни и септември 7% попус Повеќе детали
Турција Турција                                         Повеќе детали
Тунис Тунис                                           Повеќе детали
Египет Египет                                           Повеќе детали

Пелистерски очи - Големо и Мало Езеро


golemo-ezero-pelister

На убавината што и ја подарила природата на планината Баба и врвот Пелистер, можат да и позавидат многу познати и популарни дестинации во светот.
Високо во небесните прегратки, Пелистер на своите падини љубоморно крие две росни солзи, две глацијални езера наречени „Пелистерски очи“ (Големо и Мало Езеро).

Големо Езеро

- се наоѓа на надморска височина од 2.218 м. Ова езеро е долго 228м, широко 196м, со најголема длабочина при највисокиот водостој од 17,2м. Во Големото езеро живеат и неколку видови на риби. Веднаш до него се наоѓа планинарскиот дом  „Димитар Илиевски - Мурато“, кој има капацитет од 50-60 легла и прекрасни терени за планинарење, алпинизам, планински велосипедизам и спортување. За време на летните месеци (односно од почетокот на Мај, се до крајот на Октомври) планинарскиот дом е отворен во викенди (но, можно е да се отвори и во други денови, дури и во зима, но само со претходна најава).
За да се стигне до Големо Езеро од Битола треба да се мине низ селото Ниже Поле и населбата Стрежево, патот минува преку Дебел Рид и со средно темпо на движење би бил 2,5 часа.
Втората насока кон Големо Езеро е таа што минува по долината на реката Сапунчица и за разлика од онаа преку Дебел Рид, оваа патека е подолга, но полесна за пешачење.
До Големо Езеро се стигнува и од страната на Преспанско Езеро, поточно од селото Брајчино, а времетраењето на искачувањето изнесува околу 4 часа.

ez 8

Мало Езеро

- лежи на надморска височина од 2.190 м, има должина од 144м, широчина од 73м, а длабочината на езерото при највисок водостој изнсува 3,35м. Во езерото постои редок жив свет како полноглавци и ракчиња, а неговата вода често ја пијат дивите планински животни како дивите коњи, мечки, елени ... Поради малата длабочина неговите води брзо се загреваат, поради што езерото е многу често посетувано за време на летниот период.

mlo ezero.jpg

За настанувањето на овие две прекрасни езера има повеќе легенди и верувања.. Според една од нив, езерата се создале од солзите на две сестри кои биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но нивната мајка не дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Во бес, ги испратила в планина и ги проколнала да бидат блиску една до друга, но сепак да не можат да се видат. Талкајки низ планината, една од сестрите дошла на местото каде што сега се наоѓа Големото, а другата каде што се наоѓа Малото Езеро. И двете скршени од болка по несудената љубов, пролеале толку многу солзи што од нив се создале двете прекрасни езера.

 

T.A. Диме Турс

Туристичка агенција - Диме Турс ДООЕЛ
Со "А" лиценца   
Ул. "Столарска", Локал 8, комплекс БЕЗИСТЕН 
7000 Битола, Република Македонија
Телефон : +389 47 609 202
Мобилен : +389 78 662 760
E-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.