Луковска Бања - Хотел Јелак 3*

 

Луковска бања  е млада бањска населба, здравствено одморалиште и туристички центар во југоисточниот дел на Копаоник, северозападно од општина Куршумлија. Познат е по најголемиот број извори (37) и огромно количество од над 100 l/s топла (до 65°C) минерална вода. Таа е највисоката бања во Србија, чиј центар е 681 метар надморска височина, што ја прави во исто време и воздушна бања. Луковска Бања е на 36 километри од Куршумлија.

Хотел Јелак  располага со 63 соби и 4 апартмани, двокреветни (со 2 класични кревети или со француски кревет), трокреветни (француски кревет и 1 еднинечен кревет), апартмани (спална со француски кревет и дневна соба). Собите се опремени со: ТВ, телефон, Wi-Fi интернет конекција (бесплатно), сопствен тоалет, бањарки и фен за коса.

Хотелски содржини: ресторан, кафе бар, медицински центар за прегледи и терапии (со работно време и во викенди и за празници), 2 тераписко-рекреативни базени со термална вода и подводни млазови со температува 33-35⁰C (1 внатрешен, 1 надворешен), сауна, солена соба, парно купатило, џакузи, топли клупи – тепидариум, тропски тушеви, конференциска сала.

 

Lukovska Banja Јелак Cenovnik

Цените се дадени во евра за полупансион, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)

(Минимум престој 2 ноќи)

 

  • Доплата за конфорт соба 22€ по лице на ден
  • Доплата за еднокреветна соба: 5 € на ден.
  • Деца до 6.99 години се сместуваат бесплатно
  • Деца од 7 до11.99 години плаќаат 50% од наведената цена(во соба со двајца возрасни)
  • Пријавување после ➺ 15:00 часот.
  • Одјавување до ➺ 12:00 часот.

Во цената Е вклучено:  

- Услуга во хотел на база Полнпансион- појадок, ручек и вечера (ојадок – избор од 10 јадења, ручек и вечера (3 оброци од дневното мени);

- Сместување во двокреветни Стандардни соби (WiFi, паркинг, бањарка, пешкири, фен за коса)

- Секојдневно користење на Wellness центарот

- Секојдневно користење на базени со термална вода 33-35°C (надворешни базени, отворени-затворени и внатрешни базени во рамките на велнес центарот)

- Прошетки по здравствените патеки

- Туристичка такса .

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Неспомнати услуги
  • Личен трошок на патникот

Напомена:

Редовните цени не важат за посебни датуми (Нова Година, Божиќ, Сретење, Велигден, Први Мај, Есенски распуст). Еден попуст ги исклучува другите попусти.