Луковска Бања - Хотел Бела Јела 4*

 

Луковска бања  е млада бањска населба, здравствено одморалиште и туристички центар во југоисточниот дел на Копаоник, северозападно од општина Куршумлија. Познат е по најголемиот број извори (37) и огромно количество од над 100 l/s топла (до 65°C) минерална вода. Таа е највисоката бања во Србија, чиј центар е 681 метар надморска височина, што ја прави во исто време и воздушна бања. Луковска Бања е на 36 километри од Куршумлија.

Хотел Бела Јела е отворен за првите гости во октомври 2021-ва година. Сите соби се модерно опремени во согласност со најновите стандарди. Оброците се служат по принцип на шведска маса – појадок и вечера, и “a la carte” ресторан за ручек.

Велнес центарот на хотелот располага со отворен и затворен базен со температура од 33 до 35 степени, финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, солена соба и топли клупи.

Гостите можат да го користат лоби барот на рецепцијата и велнес барот во велнес центарот за релаксација и уживање.

 

Lukovska Banja Bela Jela Cenovnik

Цените се дадени во евра за полупансион, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)

(Минимум престој 2 ноќи)

 

  • Доплата за апартман ЛУКС 22€ по лице на ден
  • Доплата за еднокреветна соба: 13€ на ден.
  • Деца до 6.99 години се сместуваат бесплатно
  • Деца од 7 до11.99 години плаќаат 50% од наведената цена(во соба со двајца возрасни)
  • Пријавување после ➺ 15:00 часот.
  • Одјавување до ➺ 12:00 часот.

Во цената Е вклучено:  

- Услуга во хотел на база Полупансион- појадок и вечера (шведска маса);

- Сместување во двокреветни Стандардни соби - ТВ, WiFi интернет, бањарки, папучи, фен за коса;

- Секојдневно користење на Wellness центарот (сауна, парно купатило, тепидариум, солена соба,

- Секојдневна употреба на базените со термална вода-отворен и затворен со температира на додата од 33-35° C;

- Туристичка такса

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Ручек
  • Неспомнати услуги
  • Личен трошок на патникот

Напомена:

Редовните цени не важат за посебни датуми (Нова Година, Божиќ, Сретење, Велигден, Први Мај, Есенски распуст). Еден попуст ги исклучува другите попусти.