Барселона 3НП

 

Chrismas Market

 

 

Термин:   05.12.2026 - 08.12.2026

 

 

Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот – живописен град што зрачи со уметност, култура и космополитска енергија. Во декември, таа добива посебна празнична атмосфера, станувајќи уникатна дестинација за оние што сакаат да ги поминат зимските денови во топла, но и возбудлива средина.

Градот пулсира со живот и во зимскиот период – улиците се украсени со светилки и новогодишни декорации, а плоштадите и малите улички се претвораат во шармантни божиќни пазари. Топлото медитеранско сонце и пријатните температури – кои ретко паѓаат под 15°C – создаваат идеални услови за прошетки, разгледување и релаксација на отворено.

Саграда Фамилија, Парк Гуел, Каса Батљо и Ла Педрера се само дел од културното богатство што го нуди градот. За љубителите на гастрономијата, декември во Барселона нуди совршен повод да се запознаете со локалните вкусови – од традиционални каталонски јадења и тапаси, до празнични специјалитети како „turrón“ и „roscón de reyes“.

 

     Barselona 3BB ChrismasMarket

 

 

 

1 ден – 05.12.26 – Скопје - Барселона

Полетување од Скопје за Барселона во 17:20 часот, пристигнување во 20:10 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Опционално вечерно дружење на некој од Christmas market-ите со топло вино. Ноќевање

2 ден – 06.12.26 – Барселона

Појадок. Панорамска прошетка со локален водич (~4 часа): Саграда Фамилија, Катедралата, Плоштад Каталуња, Ла Рамбла, Poble Espanyol и Монжуик. Можност за факултативна посета на Аквариумот и на божиќниот пазар Fira de Santa Llúcia. Ноќевање

3 ден – 07.12.26 – Барселона

Појадок. Слободно време или факултативни посети: Камп Ноу, Готска четврт, Парк Гуел. Можност за посета на Fira de Nadal del Port Vell и тапас вечер. Ноќевање

4 ден – 08.12.26  – Барселона - Скопје

Појадок и одјава. Можност за факултативна посета на Музеј Дали + Герона, Парк Тибидабо, Парк Циутадела или плажата Ла Барселонета. Организиран трансфер до аеродром и полетување за Скопје во 20:55 часот.

 

 

 

 

Цена на аранжманот: 399 евра / 24 740 ден.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

✓  Повратен авионски лет од Скопје

✓  Аеродромска такса

✓  3 ноќевања со појадок во Arya 3*

✓  Трансфер од аеродром – хотел – аеродром

Цената на аранжманот не вклучува:

✗  Туристичка такса 5,50 евра по лице / ден

✗  Факултативни излети

✗  Патничко осигурување

✗  Локален транспорт: метро или автобуски билети

 

Цени за Факултативи:

  • Барселона Панорамика 65 € (деца до 12: 35 €)

Целодневен излет со автобус и пешачка тура: ридот Монжуик, Пуебло Еспањол, Плаза Еспања, Пасео де Грасија со куќите на Гауди и Саграда Фамилија.

  • Готска Четврт 30 € (деца 2–12: 20 €)

Прошетка низ најстариот дел на Барселона – Готската катедрала, Плоштадот Рејал и остатоците од римскиот град Барцино.

  • Аквариум Барселона 35 € (деца 2–10: 30 €)

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот – 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови.

  • Посета на Парк Гуел 23 €

Прошетка низ едно од највпечатливите ремек-дела на Антони Гауди, со шарени мозаици и панорамски погледи кон градот.

  • Парадокс музеј 20 €

Забавно и волшебно место каде ништо не е како што изгледа – идеално за целото семејство.

  • Целодневна авантура во Порт Авентура 50 €

Еден од најголемите забавни паркови во Европа – ролеркостери, водени слајдови и ликови од Sesame Street.

  • Чоколаден музеј 9 €

Дознајте како се прави чоколадо – од зрно до чоколадно табло, со можност сами да направите чоколадни форми.

  • Барселона Зоолошка 23 €

Над 2.000 животни од целиот свет, игралишта и едукативни зони за целото семејство.

Напомена:

• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

• Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.

• Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.

• Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.

• При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.

• Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.

• Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.

• Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.

• Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.

Информации за патување