Андалузија 4НП

 

 

Термин:   21.10.2026 - 25.10.2026

 

 

Андалузија – сончевиот бисер на јужна Шпанија, регион на уметност, историја и автентичен медитерански шарм. Еден од најбогатите и најразновидни региони во Европа, Андалузија нуди совршен спој на море, култура и гастрономија, каде традицијата и современиот дух живеат во хармонија.

Регионот е дом на импресивно културно наследство – од маварски палати, тврдини и римски споменици, до величествени катедрали, историски градови и светски познати уметници. Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, Андалузија привлекува со своите долги плажи, топло море и жив ритам на живот.

Патувањето ги опфаќа Севиља – домот на кралските палати и фламенкото, Ронда – драматичен град поставен над кањон, Гранада – со величествената Алхамбра, Марбеља – елеганција покрај морето и Малага – престолнината на Коста дел Сол и роден град на Пабло Пикасо.

 

     Andaluzija21 10

 

 

 

1 ден – 21.10.26 – Скопје -  Тирана -  Малага

Собир со групата во Скопје и тргнување кон Тирана. Полетување за Малага во 17:25 часот, слетување во 20:50 часот. Ноќевање.

2 ден – 22.10.26 – Малага - Ронда

Појадок. Посета на Марбеља – старата чаршија, плоштадите и марината. Продолжување кон Ронда – мостот Puente Nuevo, арената за корида, арапските бањи и палатата Mondragón. Ноќевање.

3 ден – 23.10.26 – Севиља

Појадок. Целодневна посета на Севиља – Катедралата со гробницата на Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула и Плоштад Шпанија. Ноќевање.

4 ден – 24.10.26  – Гранада

Појадок. Целодневна посета на Гранада и величествената Алхамбра – маварски палати, тврдини и Генералифе градините. Ноќевање.

5 ден – 25.10.26  – Малага

Појадок и напуштање на собите. Краток разглед на Малага – Катедралата, Римскиот театар и Calle Larios. Трансфер до аеродромот. Полетување за Тирана во 21:35 часот, слетување во 00:50 часот.

 

 

 

 

Цена на аранжманот: 549 евра / 34 040 ден.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

✓  Трансфер Скопје – Тирана – Скопје

✓  Повратен авионски лет од Тирана со рачен багаж

✓  Аеродромска такса

✓  4 ноќевања со појадок во Tent Torremolinos 3*

✓  Продолжен појадок до 13:30 часот

✓  Придружник од агенцијата

✓  Трансфер од аеродром – хотел – аеродром

Цената на аранжманот не вклучува:

✗  Туристичка такса по лице / ден

✗  Факултативни излети

✗  Патничко осигурување

✗  Локален транспорт: метро или автобуски билети

 

Цени за Факултативи:

  • Марбеља и Ронда 85 €

Целодневна тура: старата чаршија и марината во Марбеља, потоа Ронда со мостот Puente Nuevo, арената за корида, арапските бањи и палатата Mondragón.

  • Севиља 100 €

Катедралата со гробницата на Кристофер Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула, Паркот Марија Луиза и Плоштад Шпанија.

  • Гранада 85 € + доплата за влезница во Алхамбра 45 €

Целодневна посета на Алхамбра со маварските палати, тврдините и Генералифе градините, со локален водич.

  • Малага 40 €

Катедралата, Римскиот театар, старата чаршија Calle Larios и панорамски поглед на тврдините Алкасаба и Гибралфаро.

  • Пакет за сите факултативи 315 € наместо 355 €

Комбиниран пакет за сите четири екскурзии по попустена цена.

Напомена:

• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

• Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.

• Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.

• Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.

• При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.

• Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.

• Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.

• Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.

• Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.

Информации за патување