Виена и Братислава 3НП
Термин: 12.12.2026 - 15.12.2026
06.03.2027 - 09.03.2027
10.04.2027 - 13.04.2027
Виена – главниот град на Австрија, град на уметноста и царскиот сјај – плени со својата уникатна мешавина од историја, култура и модерен живот. Некогашна престолнина на Хабсбуршката монархија, денес е дом на величествени палати како Шенбрун и Хофбург, импресивни музеи, елегантни паркови и богато музичко наследство. Градот на валцерот, кафе-културата и уметноста нуди романтична архитектура, светски познати уметнички колекции, шармантни кафулиња и вкусна локална гастрономија.
Братислава - шармантниот главен град на Словачка, гордо лежи на бреговите на реката Дунав,граничејќи се и со Австрија и со Унгарија. Тоа е компактен град, познат по својот прекрасно реконструиран Стар град (Staré Mesto), каде што историските градби и живите кафулиња се наредени долж калдрмените улици. Доминиран од иконичниот, бел, четирикулен Братиславски замок, тој нуди привлечна мешавина од средновековна историја и модерна, централноевропска енергија.

1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.Директен лет од Скопје до Братислава со авиокомпанијата WIZZ AIR во 20:40ч.Пристигнување во Братислава во 22:15. Организиран превоз со автобус до хотелот во Виена. Пристигнување во хотел и сместување. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана посета на најпознатите атракции во Виена: Kunsthistorisches Museum Wien – музеј на уметноста, Wiener Staatsoper – Виенската опера, Parlament – парламентот, и Rathaus – градското собрание. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирана посета на Виена до: Universität Wien – главниот универзитет, Burgtheater – Националниот театар, Stephansdom – катедралата Свети Стефан, Hofburg – 600 години стара палата и поранешна резиденција на Хабсбуршката монархија, и Schönbrunn Palace – поранешна летна резиденција на Хабсбурзите. Трансфер до Братислава. Сместување во хотел. Ноќевање
4 ден
Појадок. Организиран разглед на Братислава. Трансфер до аеродром. Директен лет Братислава – Скопје. Поаѓање од Братислава со авиокомпанијата WIZZ AIR во 20:50ч. Пристигнување во Скопје во 22:20ч.
Цена на аранжманот: 419 евра / 25 980 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Авионска карта на релација Скопје – Братислава - Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40 x 30 x 20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
Цената на аранжманот не вклучува:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенцискиот претставник
Напомена:
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Информации за патување
Потребни документи за патување
- Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
- Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
- Авио билети и ваучер во печатена форма
Останати информации за патување
- Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
- Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
- Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
- За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
- Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
- Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
- Секој багаж треба да биде означен со име и презиме
Општи услови за европски дестинации со WizzAir
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување
