Прага 3НП

 

 

 

 

Термин:    20.11.2026 - 23.11.2026

                  13.12.2026 - 16.12.2026

                  12.02.2027 - 15.02.2027

                  12.03.2027 - 15.03.2027

                  02.04.2027 - 05.04.2027

 

 

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град или град на стотина кули, претставува магичен град на мостови, катедрали, позлатени кули и црковни куполи. Лежи на реката Влтава. Поседува најдобро сочувано средновековно градско јадро во Европа, како и атрибути на еден од најмодерните европски градови.

 

   Praga3BBF

 

 

 

1 ден  

Состанок на групата на аеродромот во Скопје два саати пред време за лет. Полетување за Прага во 10:40 ч. Слетување во 12:55 ч. Организиран трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден  

Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: Hradčany, LoretoChurch, Prague Castle, Базиликата (однадвор), Националната галерија,Катедралата „Свети Вид“, Базиликата „Свети Ѓорѓи“, Кралската палата и Златната уличка. Разгледувањето продолжува со посета на областа Вишеград – тврдината со црквите и Националниот музеј (однадвор),Новиот градски плоштад и Карловиот мост. Враќање во хотел.Слободно време за вечера.

3 ден

Појадок. Организирана посета на Карлови Вари со автобус. Патувањето трае околу 1 час и половина. Прошетка низ Карлови Вари со слободно време за индивидуални разгледувања. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден

Појадок. Поаѓање за Кутна Хора. Патувањето трае околу 1 час во еден правец. Слободно време за прошетки. Поаѓање од Прага во 15:35 ч. Слетување во Скопје во 17:35 ч.

 

 

 

 

Цена на аранжманот термин: 20.11.2026 - 23.11.2026 – 409 евра / 25 360 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 13.12.2026 - 16.12.2026 –  409 евра / 25 360 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 12.02.2027 - 15.02.2027 –  399 евра / 24 740 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 112.03.2027 - 15.03.2027 –  409 евра / 25 360 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 02.04.2027 - 05.04.2027 –  419 евра / 25 980 ден.

 

 

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Авио-билет на релација Скопје–Прага–Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 40 × 30 × 20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3★
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи според програмата
  • Организација на патувањето и придружник од агенцијата за целиот престој во Прага
  • Туристичка такса

 Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влезниците за во објектите и културно историските споменици
  • Факултативни излети
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за енциски претставник

 

 

Напомена:

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

Информации за патување

Потребни документи за патување

  • Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
  • Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
  • Авио билети и ваучер во печатена форма

Останати информации за патување

  • Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
  • Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
  • Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
  • За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
  • Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
  • Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
  • Секој багаж треба да биде означен со име и презиме

Општи услови за европски дестинации со WizzAir

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување