Париз и Дизниленд 3НП / 4НП

 

 

 

 

Термин:   17.10.2026 - 20.10.2026

                 12.11.2026 - 15.11.2026

                 06.12.2026 - 10.12.2026

                 14.01.2027 - 17.01.2027

                 04.03.2027 - 07.03.2027

 

 

Париз распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

 

   ParisDiznilend3BBF

 

 

 

1 ден  

Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 12:10 часот. Слетување во 15:10 часот. (Ноември 13:00-16:05, Декември 11:15 со 14:20).Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Avenue des Champs-Élysées – Елисејските Полиња, Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – плоштадот Конкорд и Les Invalides – Домот на инвалидите. Сместување во хотел Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

2 ден  

Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Се посетуваат:, Tour Eiffel – Ајфеловата кула, прошетка со брод по реката Сена, Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Quartier Latin – Латинскиот кварт.  Musée du Louvre – музејот Лувр. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање во хотел.

3 ден

Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.

4 ден

Појадок. Панорамски разглед на Galeries Lafayette – познатата париска трговска галерија, Opéra Garnier – историската париска опера, Слободно време за шопинг. Поаѓање од Париз во 12 Полетување во 15:45ч од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.( Ноември 14:55-17:40).

** За групата 06.12.2026 со 4 ноќевања посета на  Montmartre и Moulin Rouge. Факултативна посета Версај.

5 ден

Појадок, слободно претпладне трансфер до аеродром. Лет за Скопје 16:40 слетување 19:25

 

 

 

 

Цена на аранжманот термин: 17.10.2026 - 20.10.2026 – 569 евра / 35 280 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 12.11.2026 - 15.11.2026 –  569 евра / 35 280 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 06.12.2026 - 10.12.2026 –  619 евра / 38 380 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 14.01.2027 - 17.01.2027 –  549 евра / 34 040 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 04.03.2027 - 07.03.2027 –  569 евра / 35 280 ден.

 

 

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Авио билет на релација Скопје – Париз - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS / 4 ноќевања за групата 06.12.2026
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организиран панорамски разглед на градот со автобус
  • Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
  • Туристичка такса

 

  • Цената на аранжманот не вклучува:
  • Влезница за Лувр 38 € (само влезница), за деца до 10 години 18 €
  • Влезница за брод по Сена 18€, за деца до 10 години е 10 €
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник
  • Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца до 10 години 7 €)
  • Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца до 10 години 20 €) само за турата 06.12.2026
  • ** Резервација на факултативи при купување на аранжанот!

 

 

Напомена:

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

Информации за патување

Потребни документи за патување

  • Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
  • Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
  • Авио билети и ваучер во печатена форма

Останати информации за патување

  • Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
  • Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
  • Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
  • За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
  • Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
  • Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
  • Секој багаж треба да биде означен со име и презиме

Општи услови за европски дестинации со WizzAir

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување