Париз и Версај 3НП

 

 

 

 

Термин:  05.11.2026 - 08.11.2026

                 03.12.2026 - 06.12.2026

                 11.02.2027 - 14.02.2027

                 11.03.2027 - 14.03.2027

                 10.04.2027 - 13.04.2027

 

 

Париз распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

 

   Paris3BBF

 

 

 

1 ден  

Состанок на групата на аеродромот во Скопје  2 часа пред лет  Полетување за Париз во 12:10ч. Слетување во 15:10ч.( Ноември и Декември 13:00-15:10) Организиран трансфер со автобус до Париз, со краток панорамски разглед на: Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – историски плоштад, Champs-Élysées – позната авенија, Assemblée Nationale – француското национално собрание, и Tuileries Garden – историска градина со фонтани и статуи. Разгледот продолжува кон Tour Eiffel, со слободно време за искачување (факултативно) или фотографирање на Trocadéro. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден  

Појадок. Организирано  поаѓање кон Латинскиот Кварт. Посета на Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Église Notre-Dame – Богородичната црква (однадвор). Разгледот продолжува кон Montmartre, со посета на Basilique du Sacré-Cœur – црквата Свето Срце (однадвор) и Place du Tertre – плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета однадвор на Moulin Rouge и слободно време за фотографирање.Факултативно: организирана посета на Versailles и разглед на новиот дел на Париз – La Défense. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден

Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Opéra Garnier – позната оперска куќа и посета на Galeries Lafayette – еден од најпознатите трговски центри во Париз. Слободно време за шопинг. Посета на Musée du Louvre – Лувр музеј (влезницата се наплаќа). Факултативно: можност за бродска тура по реката Сена. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

4 ден

Појадок. Организиран трансфер за на аеродром. Полетување во 15:45ч од Париз и слетување во Скопје во 18:30ч.( Ноември и Декември 14:55-16:05)

 

 

 

 

Цена на аранжманот термин: 05.11.2026 – 08.11.2026 – 419 евра / 25 980 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 03.12.2026 – 06.12.2026 – 409 евра / 25 360 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 11.02.2027 - 14.02.2027 – 419 евра / 25 980 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 11.03.2027 - 14.03.2027 – 429 евра / 26 600 ден.

 

Цена на аранжманот термин: 10.04.2027 - 13.04.2027 – 429 евра / 26 600 ден.

 

 

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Авио билет на релација Скопје-Париз Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
  • Туристичка такса

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник
  • Влезница за Лувр 38 € , за деца до 10 години 18 €
  • Влезница за брод по Сена 18 еур (за деца до 10 години 10 €)
  • Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца до 10 години 7 €)
  • Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца до 10 години 20 €)
  • Резервација на факултативи при купување на аранжанот!

 

 

Напомена:

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

Информации за патување

Потребни документи за патување

  • Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
  • Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
  • Авио билети и ваучер во печатена форма

Останати информации за патување

  • Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
  • Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
  • Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
  • За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
  • Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
  • Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
  • Секој багаж треба да биде означен со име и презиме

Општи услови за европски дестинации со WizzAir

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување