Италија 3НП
Неапол - Соренто - Амалфска Ривиера
Термин: 30.10.2026 - 02.11.2026
05.03.2027 - 08.03.2027
19.03.2027 - 22.03.2027
02.04.2027 - 05.04.2027
НЕАПОЛ (Наполи) – Основан пред повеќе од 2.500 години, Неапол е еден од најстарите континуирано населени градови во светот. Прошетајте низ неговиот историски центар – светско наследство на УНЕСКО – каде што тесните улички од калдрма водат до скриени цркви, подземни катакомби и палати стари со векови.
КАПРИ - Издигнувајќи се од длабоките сини води на Тиренското Море, Капри е остров од соништата кој со векови ги воодушевува посетителите. Познат по своите драматични карпи, тиркизни пештери и елегантен шарм, Капри претставува совршена мешавина од природна убавина, луксуз и италијанската животна убавина.
АМАЛФИСКА РИВИЕРА - Брегот Амалфи е прекрасен дел од крајбрежјето во јужна Италија, познат по своите драматични карпи, шарени крајбрежни села и кристално чиста вода. Живописни патишта ги поврзуваат шармантните градови како Позитано и Амалфи, каде што посетителите можат да уживаат во прекрасните глетки, историска архитектура и автентична италијанска кујна. Со својата мешавина од природна убавина, медитерански шарм и опуштена атмосфера, брегот Амалфи е една од најпознатите туристички дестинации во Европа.

1 ден
Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 12:55 часот, пристигнување во Неапол во 14:00 часот. Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедралата, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.
Поаѓање од пристаништето во Соренто, со фери брод до Капри. Слободно време во Капри за индивидуални активности и прошетка низ островот. Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.
3 ден
Појадок.
Опционално:
Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаик, и пристаништето.
Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro del Paradiso – историскиот клостер, и други знаменитости.
Се продолжува со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средовековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботаничките градини и шеталиштето Сместување и Ноќевање во хотел.
4 ден
Појадок. Слободно претпладне. Попладне трансфер до аеродромот во Бари. Поаѓање во 18:35 часот, пристигнување во Скопје во 19:45 часот.
Цена на аранжманот термин: 30.10.2026 - 02.11.2026: 439 евра / 27 220 ден.
Цена на аранжманот термин: 05.03.2027 - 08.03.2027: 429 евра / 26 560 ден.
Цена на аранжманот термин: 19.03.2027 - 22.03.2027: 439 евра / 27 220 ден.
Цена на аранжманот термин: 02.04.2027 - 05.04.2027: 439 евра / 27 220 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Авионска карта на релација Скопје - Неапол и Бари -Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
- 3 ноќевања со појадок: - 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевања во Соренто
- Фери брод Соренто - Капри.
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите)
Цената на аранжманот не вклучува:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Факултативни излети
- Лифтови, жичари кои се наоѓаат низ градовите за полесно движење
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник.
Факултативни излети:
- Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат исклучиво со брод, по следната маршрута: Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно.
- Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијата
- За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот).
Напомена:
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Напомена:
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Информации за патување
Потребни документи за патување
- Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
- Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
- Авио билети и ваучер во печатена форма
Останати информации за патување
- Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
- Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
- Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
- За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
- Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
- Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
- Секој багаж треба да биде означен со име и презиме
Општи услови за европски дестинации со WizzAir
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување
