Фиренца и Рим 3НП

 

 

Термин:   24.10.2026 - 27.10.2026

                 28.11.2026 - 01.12.2026

                  26.12.2026 - 29.12.2026

                 13.02.2027 - 16.02.2027

                 06.03.2027 - 09.03.2027

 

ФИРЕНЦА - Италијанската Атина, град со некои од највредните културно-историски споменици во светот. Внатрешноста на многубројните цркви, палати и галерии крие цел универзум на врвни дела од визуелната уметност. Првиот голем успех како град на уметноста Фиренца го доживува во XV век, за време на доминацијата на семејството Медичи, кога е родена и ренесансата.

 

РИМ - Сите патишта водат во Рим, срцето на Италија, Вечниот град или „Caput Mundi“, град создаден како свет за себе. Неговата историја долга 3.000 години ја обликува природата на Рим, создавајќи единствена целина каква што не може да се најде никаде на друго место во светот. Да се посетат Римскиот амфитеатар – Колосеумот, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, Пантеон или квартот Трастевере е задолжително – инаку би било како воопшто да не сте го посетиле овој вечен град.

 

     FirencaRim3BBF

 

 

 

1 ден Скопје – Рим - Фиренца

Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Рим во 17:10 часот, слетување во 18:55 часот. Следува организиран трансфер до Фиренца. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден Фиренца -  Рим

Појадок. Организиран панорамски разглед на Фиренца со посета на следниве културно-историски знаменитости: Piazza della Signoria – главниот плоштад, прошетка по Piazza del Duomo – плоштадот со катедралата, Piazza San Lorenzo, Museo Davide – музеј со познати скулптури, Piazza Santa Maria Novella, црквата San Trinita, Ponte Vecchio – историскиот мост и Pitti Palace. Трансфер до Рим, патувањето трае околу 3 часа со кратки паузи. Сместување во хотел.. Ноќевање.

3 ден Рим

Појадок. Организиран разглед на Рим: Piazza del Popolo – познат плоштад со три порти, Via del Corso – главната пешачка улица, Fontana di Trevi – прочуената фонтана, Pantheon – античкиот храм, Piazza Venezia – централниот плоштад, Piazza Navona – барокен плоштад, и Колосеумот – најпознатиот римски амфитеатар. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден Рим - Скопје

Појадок. Поаѓање за Ватикан – посета на плоштадот Свети Петар, Ватиканските музеи и замокот Sant’Angelo. Трансфер до аеродром во Рим. Полетување за Скопје во 18:35 часот, пристигнување во 20:20 часот.

 

 

 

 

Цена на аранжманот: 419 евра / 25 980 ден.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Авио билет на релација Скопје-Рим-Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи според прогармата
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Рим и Фиренца
  • Туристичка такса

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезници за музеите и другите културно -историски споменици
  • Влез во Ватикан без водич
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомена:

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

Информации за патување

Потребни документи за патување

  • Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
  • Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
  • Авио билети и ваучер во печатена форма

Останати информации за патување

  • Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
  • Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
  • Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
  • За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
  • Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
  • Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
  • Секој багаж треба да биде означен со име и презиме

Општи услови за европски дестинации со WizzAir

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување