Барселона 3НП
Ноември
13.11 - 16.11.2025
1 ден – 13.11.25 – Макаедонија - Барселона
Состанок на групата во 16:30 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 18:30 ч. Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување во HOTEL BEST AUTO HOGAR 3***. Ноќевање.
2 ден – 14.11.25 – Барселона (пПанорамски разглед, Аквариум, Маремагнум)
Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија … Слободно време а потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот (http://www.aquariumbcn.com/en) – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност за посета на шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза или шопинг. ..Индивидуално враќање во хотел. Навечер Ви препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Ноќевање.
3 ден – 15.11.25 – Барселона (3 парка – Цетадела, Шпанско село, Тибидабо)
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден – 16.11.25 – Барселона (Парк Гуел) - Скопје
Појадок во хотел. За денешниот ден е предвидена индивидуална посета на најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат неговите идеи за единството на уметноста и природата. Слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром, полетување за Скопје во 21:40. Пристигнување во 01:00 часот.
Промо цена за првите 8 лица : 449 евра / 27 840 денари
Цена на аранжманот: 499 евра / 30 940 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
- Рачен багаж до 8 кг.
- Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
- 3 ноќевања со појадок во HOTEL BEST AUTO HOGAR 3* ,
- Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Чекиран багаж, цена 3-4 дена пред полетување
- Туристичка такса се плаќа во агенција – 4 € по лице на ден,
- Билети за јавен превоз со метро
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба – 150 €
ФАКУЛТАТИВИ:
*Организиран разглед на Барселона со водич – 25 € – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
*Посета на Парковите на Барселона (Цитадела, Шпанско село, Тибидабо) трансфер, водич и влезници – 75 €,
*Посета на парк Гуел – 28 € (влезница + пратител од агенција)
*Фламинко шоу со пијалок – 55 €,
*Аквариум (влезница и претставник од агенција) – 35 €,
Напомена:
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- За оваа програма важат општите услови за патување