Братислава и Виена 2НП

 

 

Ноември

 

 

28.11 - 30.11.2025 

 

 

 

Bratislava2BB

 

 

1 ден – 28.11.25 – Макаедонија - Братислава

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 14:30. Летот Скопје-Братислава е во 16:45. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.

2 ден – 29.11.25 – Братислава – Виена - Братислава

По појадокот, се упатуваме на целодневна посета на Виена, главниот град на Австрија. Започнуваме со разглед со локалниот водич, кој ќе не запознае со историјата, приказните, легендите и интригите на овој град. Пешачкиот разглед го започнуваме од дворецот Белведере, импозантен дворец изграден по нарачка на кралицата Марија Тереза, со својата бела боја на фасадата го добива и самото име Белведере. Од предната и задната страна на дворецот се направени едни од најубавите градини во светот, кои се користеле за прошетки, балови и уживање од страна на кралското семејство. Од таму, се упатуваме кон центарот на Виена, или познатиот РИНГШТРАСЕ. Ја посетуваме катедралата Карлсрихе (св. Чарлс), една од поголемите барокни цркви, продолжуваме кон истоимениот плоштад, Карлсплац каде се наоѓа и познатата Виенска Опера. Се упатуваме кон дворецот Хофбург, првиот и главен дворец во Империјата на Австрија. Огромно здание во централнииот дел на Виена, со прекрасен парк, прекрасна фасада, специјална покриена градина каде се одгледуваат растенија од целиот свет. Разгледот продолжува низ тесните улички на строгиот центар на Виена кон завршната точка на Штефанплац, каде се наоѓа една од најголемите Готски катедрали во светот, св.Стефан. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме назад кон Братислава. Во вечерните часови препорачуваме посета на локална таверна или пивница.

 3 ден – 30.11.25 Братислава - Скопје

По појадокот во хотел, започнуваме со посета на централниот дел на Братислава. Братислава е еден од најшармантните главни градови кој се наоѓа на реката Дунав, град во кој се одвивале сите крунисувања на големите императори на Австро Унгарија. Разгледот го започнуваме пред националниот Словачки театар, изграден кон крајот на 19ти век, кој е изграден во нов и уникатен архитектонски стил. Разгледотт го продолжуваме кон главниот плоштад на Братислава, каде што се наоѓа градската палата, познатата кардиналска палата, Максимилијановата фонтана, скриените пасажи низ старите улички, портата на св.Михаил, една од најобезбедените порти во светот, позната како Барбакан. Продолжуваме кон Готската катедрала св. Мартин, која го краси градот со својата златна кула, еден од највисоките покриви на градот. Разгледот го завршуваме на ридот каде што е изграден замокот на Братислава, каде може да уживаме во еден од најубавите видиковци на реката Дунав. По разгледот, можност за организиран факултативен ручек во уникатна братиславска пивница. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 23:05. Пристигнување во Скопје во 00:40.

 

 

 

Цена на аранжманот: 329 евра / 20 400 ден.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIR
  • Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20
  • Трансфер од аеродром до хотел и назад
  • Посета и разглед со локален водич на Виена
  • Посета на Братислава
  • Лиценциран придружник

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
  • Факултативен ручек во Пивница

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.
  • Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Доплата за еднокреветна соба 90 евра
  • Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на СКТМ