Лето 2025 * Лето 2025 *                                       &nb Повеќе детали
Vila Maria Pontoy Vila Maria Pontoy   10% попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2024 на термините во мај, јуни и септември 7% попус Повеќе детали
Турција Турција                                         Повеќе детали
Тунис Тунис                                           Повеќе детали
Египет Египет                                           Повеќе детали
Велигден   Велигден 2025    Автобуски програми                         &n Повеќе детали

Temishvar

 

Темишвар и Сибиу 2НП 

 

 

Temishvar

 

 

1 ден – 06.03.25 – Макаедонија - Темишвар

Состанок на група кај хотел Русија во 22:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани (суд) Штип (лукоил бензинска на излез) и Куманово (Макпетрол). Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

2 ден – 07.03.25 – Темишвар

Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата - поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,... Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор. Ноќевање

3 ден – 08.03.25 Темишвар – Замокот Корвин – Градот Сибиу

Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади,еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула). Поглед на надворешноста на непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетите огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од "Јамата", која што е поврзана со една народна легенда. Слободно време за кафе, прошетки и слично. Заминување кон Сибиу. Градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”. Градбите и зградите го одразуваат унгарското-германското влијание, а многу од нив имаат заедничка карактеристика на нивните покриви бидејќи имаат мали прозорци што личат на очи. Мештаните тврдат дека германските окупатори во регионите намерно граделе очи за да влеват страв. Во Сибиу групата ќе има слободно време за истражување на градот. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден – 09.03.25  – Темишвар – Белград - Скопје

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување према Термалните бањи-Амазониа. Амазониа се состои од Спа центар (финска сауна, био сауна, парна бања, инфраред сауна, солена соба, џакузи со хидро масажа), Аквапарк (надворешни и внатрешни базени со 7 лизгалки, базени за деца, базен за релаксација, термален базен и сл.), медицински масажи, ресоран, бар и сл. Тука ќе имате 4 часа слободно време да се одморите и да уживате во термалните бањи Амазониа .Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови пред полноќ во Скопје.

 

 

Промо цена : 139 евра / 7 998 денари

 

Цена на аранжманот: 159 евра / 9 860 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Aвтобуски превоз
  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Разглед на Темишвар со локален водич
  • Туристички придружник од агенција

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Пакет - Посета на Сибиу и замокот Корвин со вклучена влезница - 60€/ 55 евра за студенти со приложување на индекс
  • Туристичка такса- задолжителна доплата во автобус- 2€
  • Посета на термалните бањи-Амазониа, превоз и влезница 30евра
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 3100 мкд
  • За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
  • За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.

Напомена:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.

 

 

 

 

Туристичка агенција - Диме Турс ДООЕЛ
Со "А" лиценца   
Ул. "Столарска", Локал 8, комплекс БЕЗИСТЕН 
7000 Битола, Република Македонија
Телефон : +389 47 609 202
Мобилен : +389 78 662 760
E-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.