Будва 2НП
Острог - Дубровник - Котор - Тиват
1 ден – 06.03.25 – Битола – Црна Гора
Организиран превоз од повеќе градови. Планирно поаѓање околу 23:30 часот од Битола. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Точни сатници се одредуваат два дена пред поаѓање заради организација на пријавени патници од повеќе градови. Агенцијата е должна да ги извести патниците за место и време на поаѓање.
2 ден – 07.03.25 – Острошки Манастир - Будва
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, прво место за посета е Острошки Манастир, изграден на карпи на 900 мнв. во 17 век, каде чудата не престануваат. Околу 2 часа ке се задржиме во Острог па потоа продолжуваме према Будва. Сместување во хотел. Во договорено време со водичот се посетува стариот град во Будва. Вечерта организирана осмомартовска прослава во ресторан со жива музика. Ноќевање.
3 ден – 08.03.25 – Будва – Дубровник - Будва
Појадок. По појадокот Факултативен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник разглед на градот со локален водич, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн… Дубровник е една од најпопуларните хрватски дестинации за туристите. Туристите од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат историјата на стариот град Дубровник и неговите ѕидини. Ѕидините се градени неколку векови, паралелно со развивањето на градот како трговска велесила. Тогашната Република Дубровник била принудена да изгради огромни ѕидини околу градот за полесно да се одбрани од напади…Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање за Будва.
4 ден – 09.03.25 – Будва – Котор – Тиват - Македонија
Појадок. По појадокот факултативна посета на градовите КОТОР и ТИВАТ. Се упатуваме према Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Околу 2 сати ќе бидеме во Котор па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват место каде што ужива и одмара светскио џет-сет.
Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.
Во договорено време поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот : 109 евра / 6 760 денари
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будва ( Хотел Оаза или Хотел Грбаљ)
- Посета на Острошки манастир
- Организација и водство на патувањето
- Лиценциран пратител на групата за време на целото патување
Цената на аранжманот не вклучува:
- ДУБРОВНИК (со локален водич и слушалки) и вклучен траект на заливот Бока Которска – 35 еу,
- КОТОР И ТИВАТ – 20 еу (вклучен превоз со автобус)
- Патничко осигурување – информации во агенција
- Туристичка такса 1 еу во Острог, искачување во манастирот со локално комбе 1 еу во правец
- Организирана вечера во ресторан со жива музика (предјадење, главно јадење, салата, десерт) – 25 еу
- Задолжителна туристичка такса 1,5 еу по ден по лице – се плаќа во автобус
Напомена:
- * За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.
- * Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.
- * Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
- * Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- * Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- * Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
- * Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- * Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
- * Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
- * Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
- * Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- * Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.