Лето 2025 * Лето 2025 *                                       &nb Повеќе детали
Vila Maria Pontoy Vila Maria Pontoy   10% попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2024 на термините во мај, јуни и септември 7% попус Повеќе детали
Турција Турција                                         Повеќе детали
Тунис Тунис                                           Повеќе детали
Египет Египет                                           Повеќе детали
Велигден   Велигден 2025    Автобуски програми                         &n Повеќе детали

Venecija

 

Венеција 2НП

 

Верона - Милано - Трст

 

 

 

 

Venecija

 

 

1 ден – 06.03.25 – Макаедонија - Италија

Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Италија во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – 07.03.25 – Трст – Лидо ди Јесоло

Пристигнување во Трст во утринските часови. Следува мал разглед на градот во кој има микс на различни култури поради граничењето со Словенија и поради тоа дека долги години бил дел од Австр-унгарската империја. Добрата клима е причина да се посети овој град. По разгледот на градот, упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia - Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi's, Marc O'Polo, Nike и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден – 08.03.25 Лидо ди Јесоло – Верона – Милано - Лидо ди Јесоло

Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Верона и Милано. По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија.

Слободно време. Потоа, продолжуваме кон Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот

Дуомо–катедрала софасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 09.03.25  – Лидо ди Јесоло – Венеција - Македонија

По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на најпознатиот град на вода: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија.

5 ден – 10.03.25  – Македонија

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 10.03.2025 (понеделник).

 

 

Промо цена : 139 евра / 8 620 денари

Со задолжителна резервација на факултативи од 75 евра по  лице

 

Цена на аранжманот: 169 евра / 10 480 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* воЛидо Ди Јесоло или околина
  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
  • Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, ЦрнаРека (Сирково), Велес
  • Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на патувањето.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Превоз со бродод Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич (30 €)
  • Факултативна посетана Верона и Милано со водич (50 €)
  • Задолжителна такса за влез во Венеција
  • Задолжителна доплата затуристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање

Напомена:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

 

 

 

 

Туристичка агенција - Диме Турс ДООЕЛ
Со "А" лиценца   
Ул. "Столарска", Локал 8, комплекс БЕЗИСТЕН 
7000 Битола, Република Македонија
Телефон : +389 47 609 202
Мобилен : +389 78 662 760
E-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.