Лето 2025 * Лето 2025 *                                       &nb Повеќе детали
Vila Maria Pontoy Vila Maria Pontoy   10% попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2024 на термините во мај, јуни и септември 7% попус Повеќе детали
Турција Турција                                         Повеќе детали
Тунис Тунис                                           Повеќе детали
Египет Египет                                           Повеќе детали
Велигден   Велигден 2025    Автобуски програми                         &n Повеќе детали

Budimpesta

 

Будимпешта 2НП 

 

Виена - Сант Андреа 

 

 

Budimpesta

 

 

1 ден – 06.03.25 – Макаедонија - Будимпешта

Состанок со групата на Дрводекор во 18.00 часот, тргнување во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – 07.03.25 – Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта факултативно крстарење со брод на Дунав и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 08.03.25 Будимпешта - Виена

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена - булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.

4 ден – 09.03.25  – Будимпешта – Сант Андреа - Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.

Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи.

5 ден – 10.03.25  – Македонија

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 10.03.2025 (понеделник).

 

 

Промо цена : 149 евра / 9 240 денари

Со задолжителна резервација на факултативи од 85 евра по  лице

 

Цена на аранжманот: 169 евра / 10 480 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на дадените дестинации,
  • Две ноќевања во хотел 3* во Будимпешта
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 15 евра
  • Крстарење со брод по Дунав - 25 евра
  • Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбрун не е вклучена)- 40 евра
  • Посета на Сент Андреа -15 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
  • Патничко осигурување-300 денари
  • Задолжителна туристичка такса - 2.5€ по лице по ноќевање

Напомена:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

 

 

 

 

Туристичка агенција - Диме Турс ДООЕЛ
Со "А" лиценца   
Ул. "Столарска", Локал 8, комплекс БЕЗИСТЕН 
7000 Битола, Република Македонија
Телефон : +389 47 609 202
Мобилен : +389 78 662 760
E-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.