Будимпешта 2НП 

 

Виена - Сант Андреа 

 

 

Во празничниот период, Будимпешта се претвора во вистинска божиќна бајка. Осветлените плоштади, мирисот на варено вино и традиционалните празнични специјалитети, украсените улички и божиќните штандови создаваат неповторлива атмосфера која го освојува секој посетител.

Позната како „Кралицата на Дунав“, Будимпешта плени со својата прекрасна архитектура, романтичните мостови, широките булевари и живописните улички. Градот настанал во 1873 година со обединувањето на Будим, Обуда и Пешта, а денес е еден од најубавите и најпосетуваните градови во Централна Европа.

Будимпешта во Декември е совршена комбинација од култура, архитектура, празнична магија и незаборавна зимска атмосфера.

 BudimpestaViena2BB

 

 

1 ден – 05.12.26 – Макаедонија - Будимпешта

Состанок со групата на Дрводекор во 17.30 часот, тргнување во 18:00 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – 06.12.26 – Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта факултативно крстарење со брод на Дунав и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 07.12.26 – Будимпешта - Виена

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена - булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.

4 ден – 08.12.26  – Будимпешта – Сант Андреа - Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.

Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи.

5 ден – 09.12.26  – Македонија

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 09.12.2026 (вторник).

 

 

Промо цена : 179 евра / 11 100 денари

Со задолжителна резервација на факултативи од 85 евра по  лице

 

Цена на аранжманот: 209 евра / 12 960 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на дадените дестинации,
  • Две ноќевања во хотел 3* во Будимпешта
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 15 евра
  • Крстарење со брод по Дунав - 25 евра
  • Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбрун не е вклучена)- 40 евра
  • Посета на Сент Андреа -15 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА за оние кои одат по редовна цена )
  • Патничко осигурување
  • Задолжителна туристичка такса - 2.5€ по лице по ноќевање

Напомена:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
  • Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А.