Атина 2НП
1 ден – 05.12.25 – Битола - Атина
Состанок на групата околу 20.00 часот, и заминување за Грција преку граничен премин Маџитлија. Попатни паузи и царински формалности.
2 ден – 06.12.25 – Атина
Пристигнување во Атина во утринските часови. Средба со локален водич и панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта, можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
3 ден – 07.12.25 – Атина - Пелопонез
Појадок.По доручекот слободно време или факултативена посета на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во доцните попладневни часови. Враќање во Атина. Ноќевање.
4 ден – 08.12.25 – Атина – Делфи - Битола
Појадок. По појадокот заминување од Атина кон археолошкиот локалитет Делфи во подножјето на планината Парнас. Патувањето води преку древната Теба, кон едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Грција. Посета на познатиот археолошки локалитет Делфи (античко светилиште на богот Аполон) и локалниот музеј. Во попладневните часови попатна посета на споменикот на Спартанците од битката со Персија. Постоа заминување за Македонија . Пристигнување во раните утрински часови.
Промо цена : 169 евра / 10 480 денари
Цена на аранжманот: 179 евра / 11 110 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***- на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Туристичка такса 5 € по лице
- Факултативна вечера во национален ресторан 40-45 €
- Факултативен разглед на Пелопонез и Арголида 50 € (Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 12е и Микена 12е)
- Влезница за Акропол со локален водич- 40 евра (разглед со локален водич)
- Патничко - здравствено осигурување
- Доплата за сингл соба 60 евра за две вечери
- За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ