Краков 2НП
1 ден – 05.12.25 – Макаедонија - Краков
Состанок на групата на Дрводекор во 11.30. Тргнување за Краков во 12.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден – 06.12.25 – Краков
Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед на градот. Разглед на Еврејскиот кварт, посета на стариот дел на градот, срцето на Краков , посета на Готскиот Дворец Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден – 07.12.25 – Краков – Аушвиц - Биркенау
Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO).
Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден – 08.12.25 – Краков - Македонија
Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден – 09.12.25 – Македонија
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови во вторник 09.12.2025
Промо цена : 169 евра / 10 480 денари
Со задолжителна резервација на факултативи од 90 евра по лице
Цена на аранжманот: 189 евра / 11 720 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во 3* хотел во околината на Краков
- Организиран разглед на Краков
- Организација и придружник на патувањето
- Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
Цената на аранжманот не вклучува:
- Факултативна посета на Auschwitz-Birkenau - 40 евра
- Факултативен разглед на градот со локален водич – 15 евра
- Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka - 45 евра
- Задолжителна туристичка такса 2,5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
Напомена:
- За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра
- Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ