Загреб 2НП
Љубљана
1 ден – 05.12.25 – Скопје - Загреб
Состанок со групата на паркингот пред хотел Русија во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
2 ден – 06.12.25 – Загреб
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица...
Во попладневните часови сместување во хотел.
Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и празничната магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.
3 ден – 07.12.25 – Загреб – Љубљана - Загреб
Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб.
Вечерта, повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење.
Ноќевање.
4 ден – 08.12.25 – Загреб - Скопје
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови.
Пристигнување во Скопје на 09.12.2025 - вторник, во раните утрински часови.
Промо цена до 15.10: 189 евра / 11 720 денари
Цена на аранжманот: 219 евра / 13 580 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
- Сместување во хотел со 3*во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Загреб со локален водич
- Посета на Christmas market
- Посета на шопинг центар “Arena Centar”
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
-
- Посета на Љубљана - 45 евра
- Патничко – здравствено осигурување
- Туристичка такса 400 мкд се доплаќа во агенција
- Доплата за еднокреветна соба 5.000 мкд
- Дете до 2,99 години гратис (без легло)
- Индивидуални трошоци
- Напомена:
- - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- - Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- - Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- - Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
- - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- - Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
- За ова патување важат општите услови за патување